Достапни линкови

Кој е Гутереш, следниот шеф на ОН?


Антонио Гутереш, човек посветен на хуманоста
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:54 0:00

Антонио Гутереш, човек посветен на хуманоста

Поранешниот португалски премиер Антонио Гутереш се подготвува да биде нов генерален секретар на Обединетите нации откако ниту една од петте постојани членки во Советот за безбедност кои имаат право на вето не се изјасни против неговата кандидатура. Тој важи за човек кој е посветен на својата хуманитарна работа.

Советот за безбедност по серијата гласања постигна консензус Антонио Гутереш да го смени сегашниот генерален секретар Бан Ки-мун од Јужна Кореја. Тој, кон крајот на годинава, заминува по минати два петгодишни мандата на таа функција.

Гутереш кој беше социјалистички премиер на Португалија од 1995 до 2002 година, а потоа и висок комесар на Обединетите нации за бегалци од 2005 до 2015 година победуваше и на претходните гласања во Советот за безбедност.

Тој е еден од најпознатите португалски политичари во светот и беше вклучен во решавањето на многу кризи.

За време на процесот на селекција за следен шеф на ОН, тој изјави дека генералниот секретар мора да биде „олеснувач, чесен посредник и градител на мостови“ и апелира на „зајакната дипломатија за мир“, односно за спречување на конфликтите и кризите со цел светот да не мора да се справува со последиците од нив.

67-годишниот Гутереш, побожен католик, изјави дека неговиот мандат како шеф на Високиот комесаријат за бегалци со седиште во Женева, не било „извонредна привилегија, туку страшно разочарување бидејќи недостига хуманитарно решение на нивните маки“.

За време на неговиот мандат активностите на оваа агенција се зголемија за над три пати, а персоналот во Женева го намали за 20 насто со цел пренамена на средствата за хуманитарни акции.

Во изминативе неколку години тој е ангажиран во справувањето со сириската бегалска криза.

Тој беше во центарот на вниманието од една страна поради поради неговите молби за помош на бегалците, но од друга страна и поради прекорувањето на Европската унија за нејзината нетолеранција и невеликодушност.

На Гутереш му беше понудено да ја води Европската комисија во 1999 година, но тој тоа го одби, повикувајќи се на обврски дома.

Португалија беше претседавач на Унијата кога во таа земја беше воведено еврото и кога беа воведени санкции против Австрија поради напливот на ултранационализам во таа земја во 2000 година.

Во она што тогаш Гутереш го нарече „лекција за светот“, Европската унија политички ја избегнуваше Виена откако тамошната десничарска Партија на слободата, позната по нејзината ксенофобија и расизам, влезе во владата.

Гутереш е дипломиран инженер и зборува англиски, француски и шпански јазик. Неговата прва сопруга и мајка на две деца загина во 1998 година, а Гутереш се прежени три години потоа.

Гутереш ќе стане деветтиот генерален секретар на Обединетите нации откако оваа организација е основана во 1946 година. Тој соопшти дека веќе имал план за менување на Обединетите нации со цел тие да бидат поефикасни.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG