Достапни линкови

Последната битката против ИД во Либија


Борбите против ИД во Либија
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:52 0:00

Борбите против ИД во Либија

Најмалку 34 либиски борци загинале, а повеќе од 180 биле ранети во неделата во борбата за освојување на последното упориште на милитантите на Исламската држава во либискиот крајбрежен град Сирт. Тој се наоѓа на 450 километри источно од Триполи и е под контрола на милитантите на ИД од јуни минатата година.

Силите лојални на владата во Либија, која е поддржана од Обединетите нации, почнаа офанзива на 9 јуни годинава.

Во почетокот на август, потпомогнати од американски воздушни напади, овие сили успеаа да ги потиснат милитантите во еден резиденцијален дел во центарот на градот.

Тешките борби продолжија во неделата, откако претходно имаше еднонеделна пауза во тримесечната офанзива.

Либиските бригади кои во најголем дел се од градот Мисрата велат дека се блиску до победа во Сирт.

Претставник на владините сили изјави дека станува за последна битка за Сирт и оти во неа учествуваат околу илјада војници.

Тој додаде дека за напредокот голема улога имала и поддршката од меѓународната заедница.

Сепак, како што наведуваат, голем проблем им претставуваа бомбашите самоубијци, снајперскиот оган и нагазните мини.

Во неделата неколку бригади успеале да освојат неколку стотици метри од брегот во Сирт.

Во исто време, други либиски единици со улични борби зазеле позиции на милитантите на Исламската држава во јужниот дел од градот.

Притоа биле користени тенкови, ракетни гранати и против воздушни орудија врз објектите кои се користат од страна на снајперистите на Исламската држава.

Повеќето од припадниците на либиските сили се само со импровизирано оружје и се борат во шорцеви и сандали.

Претходните денови во Сирт беа тивки откако пред една недела владините сили соопштија дека им даваат време на сопругите и децата на милитантите на Исламската држава да ја напуштат зоната на борбите.

Речиси сите жители на градот, се проценува дека ги имало над 80 илјади, го напуштија откако Исламската држава ја презеде целосната контрола во минатата година, претворајќи го во свое регионално упориште за проширување на присуството на брегот на Либија во должина од 250 километри.

Либиски воени претставници оценуваат дека дел од милитантите на Исламската држава најверојатно избегале по почетокот на кампањата за враќање на контролата врз Сирт во мај годинава.

Во истовреме се зголеми бројот на самоубиствени бомбашки напади во предградијата на Сирт што ги поттикна страхувањата дека милитантите се и натаму се во близина на градот.

Во тек е и акција за спречување на евентуалното бегство на милитантите во централниот дел на Либија. Се претпоставува дека некои од нив би можело да пребегаат во Чад, Нигер и Тунис.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG