Достапни линкови

Иванов - Да учиме туризам од соседите


Иванов - Да учиме туризам од соседите
please wait

No media source currently available

0:00 0:15:17 0:00

Иванов - Да учиме туризам од соседите

Охрабрувачки е што ние како територија се наоѓаме со туристички велесили на Балканот. Имаме од каде да видиме и да препишеме, но тоа треба да се прави брзо и умно и тоа е олеснителната околност за нас, вели туристичкиот работник Ангел Иванов во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Господине Иванов, Државниот завод за статистика бележи зголемен број на туристи, пред сè странски. Како ја оценувате годинашната туристичка сезона?

Дека има некои зголемување има, но мислам дека не е толку драматично, но има. И оваа туристичка сезона веројатно ќе ја процениме на крајот на овој месец или во септември. Мислам дека е подобра од минатата, тоа е барем охрабрувачки и убаво, меѓутоа ова е година на тероризмот и на туризмот, кои не само што некогаш одеа паралелно, туку и се вкрстуваа. Се разбира и тоа влијаеше на овие намалувања или зголемувања во туризмот, но се надевам и мислам дека е подобро од минатата година, што за нас е утеха, но не е некое сериозно поместување.

Лани конкретно имало 816 илјади туристи од кои 485 илјади биле странски. Задоволителна ли е оваа бројка?

За Македонија да, но за околните земји на Балканот - не. Овие цифри не се олимписки, туку локални мерки, македонски, кои ако се пофалиме во една Бугарија, јас бев таму минатата недела и видов дека во Бугарија дошле над еден милион туристи Грци и обратно над еден милион Бугари отишле во Грција. Такви цифри ако ни се случат на нас, тоа е веќе интересна бројка, но сепак е некое поместување нанапред, но во балкански размери не е некое чудо.

Колку туристи би ни требало за да кажеме дека имаме успешна туристичка сезона?

Мој сон, посакување, кое најверојатно нема да го остварам во мојот работен век, се два милиони туристи. Два милиони туристи дневно влегуваат во Прага и во Париз. Јас би посакал два милиони годишно, но тоа се желби кои треба да се исполнат, но на кои влијаеме сите, не само ние од туризмот, туку и целата држава и вие, сите. Веројатно наскоро ќе се остварат, но можеби не во првото петолетие. Ќе ни треба време, затоа што конкурираме на сериозен пазар во светот. Јас многу пати го употребувам изразот - како Струга има друга. Знаете какви „Струги“ има во светот кои нам ни конкурираат. Ние не сме ги виделе и мислиме дека сме меѓу поубавите во светот. Една Тоскана на пример, ние го имаме Кратово, но сите знаат за Тоскана, не знаат за Кратово, бидејќи Кратово е интересна приказна, но треба да се доврши.

Се користат ли доволно потенцијалите кои ги нуди Македонија?

Охрабрувачки е што ние како територија се наоѓаме со туристички велесили на Балканот. Имаме од каде да видиме и да препишеме, но тоа треба да се прави брзо и умно и тоа е олеснителната околност за нас. Не треба да одиме во Америка и Австралија за да видиме како се прави туризам. Нашите, додека ние разговараме, половина Македонија е во Грција, една третина е во Бугарија, а една четвртина е во Албанија. Замислете една Албанија, која беше земја на еден милион бункери, сега е земја на еден милион хотели. Се работи и се движи и нејзиниот промет се брои во милијарди, не милиони.

Целото интервју со туристичкиот работник Ангел Иванов може да го погледнете во видео снимката на почетокот на овој текст.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG