Достапни линкови

Младите бегаат во странство за работа и достоинствo


Кој е сонот на младите на Балканот?
please wait

No media source currently available

0:00 0:05:45 0:00

Кој е сонот на младите на Балканот?

Голем број млади луѓе со диплома во рака велат дека своето знаење и талент планираат да го стават на располагање во некоја друга држава.

Во Македонија има многу млади луѓе што знаат што сакаат и имаат амбиции, но наидуваат на кочници кои им оневозможуваат да ги реализираат работите кои се дел од нивниот животен сон. Од тие причини, голем број млади луѓе со диплома во рака велат дека своето знаење и талент планираат да го стават на располагање во некоја друга држава. Како пречки при реализирањето на своите амбиции, тие ги наведуваат отсуството на конкуренција на квалитет на сметка на партиските вработувања, непотизмот, а проблем е и тоа што со години треба да чекаат за да најдат работа. Но, има и други причини. Еве што вели Јана Чолaковска, која има амбиција да биде политички новинар.

„Моментално само што завршив средно училиште и со одреден труд и среќа се запишав на студии во Америка. Мислам дека сме во една состојба каде новинарите треба да се почитуваат и сè повеќе треба да се става до знаење каква е нивната улога во општеството и да се стигне до некој момент каде информацијата ќе се пренесе на еден здрав и достоинствен начин за нашиот локален и глобален живот. Домашните политичари би ги прашала каде одат нашите даночни пари. Како што видовме сега со дождот се направи голема поплава и ме интересира како тие пари може да се пренасочат од центарот кон другите делови на Скопје и како може тоа да го подобри нашиот колективен живот“, вели таа.

Заминувањето на младите на студирање или усовршување во странство каде што имаат многу подобри услови е нормална појава. Можеби тие ќе успеат да добијат усовршување или образование во странство, но многу нема ни да се обидат да се вратат и да се борат со овдешниот систем знаејќи што ги чека. Ова ја повикува на одговорност државата. Не е проблем што одреден број стручни лица заминуваат во западните земји, бидејќи условите за работа се значително подобри, платите поголеми и социјаланиот стандард на повисоко ниво. Спорно е дека државата не прави ништо што е во нејзина моќ да ги врати и да ги задржи оние кои сакаат да останат или да го спречи натамошниот интелектуален егзодус, велат некои млади луѓе. Наташа Влаховиќ вели дека работи според струката како електро-инжинер, но дека нејзините колеги кои заминале во странство имаат многу подобри услови за работа и дека стандардот е на многу повисоко ниво.

„Нашиот животен сон, мојот и на моето семејството е да имаме многу подобри услови за живот, полесно да се пробиваме, не моментално како што е. Значи, поевтини камати за купување на стан, да не е тоа толку тешко, подобри услови за работа, подобра конкуренција, да не мора за тоа да се бараат партиски врски и слично, туку едноставно да се цени квалитетот на кадарот, да има градација на луѓето, да може од почетокот да се вработат. На пример, мојот сопруг беше втор во генерацијата, чекаше година ипол да се вработи. Сега сме вработени како електро-инжинери, работиме за нормална работничка плата, а инаку бизниси кои ги посакуваме има многу. Нешто што наши колеги во странство веќе го остварија и го реализираа. Имаме колега кој четири години е замината во Шведска, има сопствена куќа, секоја година оди на престижни места не одмор, а не 10-15 дена како што ние може да си дозволуваме, а го има истото образование. Значи нешто што таму не е привилегија, не е нешто што би требало да го сонуваш, туку државата едноставно ти го овозможува, вели таа.

Одливот на мозоци, заедно со сиромаштијата, немањето пари, ниските плати, партиските вработувања и загриженоста кај сè поголем број луѓе од општите состојби во државата имаат своја причина во невработеноста. Последните податоци на Светската банка покажуваат дека меѓу најголемите проблеми во светот, невработеноста и ова година е на високо место, а во Македонија стапката на невработеност на младите луѓе изнесува дури 50,8 проценти. Најголема стапка на невработеност на млади во Европа, како што објави Светската банка, има во Шпанија 57,9 и Грција 53,9 проценти, додека најмала стапка има Германија со 7,6 проценти, по што следат Австрија и Швајцарија.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG