Достапни линкови

Историски развод на Британија од ЕУ


Британија изгласа заминување од ЕУ
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:43 0:00

Британија изгласа заминување од ЕУ

Британија гласаше да ја напушти Европската унија, покажаа резултатите од вчерашниот референдум. Приврзаниците за излегување по скоро сите преброени гласови имаат над 16 милиони и 700 илјади гласови, односно 52 насто, додека таборот за останување доби над 14,5 милиони, односно 48 проценти од гласовите. Одзивот бил околу 72 насто.

Ваквиот резултат, според оценките, ја става Британија, но и Европската унија на несигурен пат.

Исто така, како што се додава, тоа претставува најголем неуспех на напорите да се изгради поголемо европско единство по Втората светска војна.

Гласањето ќе иницира најмалку две години тешки процедури за развод на Британија од Европската унија, како и големи напори за смирување на глобалните финансиски пазари.

Неочекуваната победа на приврзаниците ги изненади берзите кои бележат голем пад. Британската фунта падна на најниско ниво од 1985 година.

Една фунта изутрината се менуваше за 1,33 долари. Синоќа, по завршувањето на референдумот таа се менуваше за 1,5 долари.

Лидерот на евроскпетичната УКИП, партија за независност на Велика Британија, Нејџел Фараж, изјави дека датумот на референдумот ќе стане нов ден на незвисноста за Британија.

Фараж вршеше притисок врз конзервативната влада на премиерот Дејвид Камерон да одржи референдум што длабоко ја подели владејачката партија.

Со извици на поддршка од своите приврзаници, Фараж, кој претходно скоро го призна поразот на референдумот, изутрината изјави дека станува збор за голема победа на обичните луѓе и изрази надеж дека тоа ќе го уништи, како што оцени, пропаднатиот проект на Европската унија.

„Се наоѓаме на непозната територија“, цитираше новинската агенција Ројтерс неименуван советник на британската влада веднаш по соопштувањето на првичните резултати од референдумот.

Претседателката на шкотската влада Никола Старџон, по референдунот изјави дека Шкотска својата иднина ја гледа во Европската унија. Сите 32 округа во Шкотска гласаа за останување во Унијата.

Победата на приврзаниците за заминување на Британија ги поттикна шпекулациите дека Шкотска повторно би можела да одржи референдум за независност од Британија.

На претходниот во 2014 година 55 насто гласаа за останување во Британија. Брегзитот ги зголеми стравувањата за слични референдуми низ ЕУ, каде што движењата за независност се во пораст.

Германскиот министер за финансии Зигмар Габриел и шефот на дипломатијата Франк Валтер Штајнмаер по британското изјаснување за напуштање на Европската унија на Твитер напишаа: „Ова е лош и тажен ден за Европа“.

Напуштањето од Унијата ќе ја чини Бритинија со тоа што ќе нема веќе слободен пристап во заедничкиот европски пазар.

За Унијата, пак, тоа ќе значи економско, но и политичко ослабување, бидејќи ќе се соочи со заминување на една членка која има право на вето во Обединетите нации и е голема воена сила.

Британија во 1974 година и се приклучи на тогашната Европска економска заедница, но секогаш беше амбиваленнтна членка.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG