Достапни линкови

Преговорите може да почнат


Претседателот на СДСМ Зоран Заев рече дека за нив е прифатлива која било влада која ќе овозможи гласањето да биде фер и демократско.

Сега кога се овозможи правдата да важи за сите, за нас преговорите можат уште денеска да почнат. Ова го рече претседателот на СДСМ Зоран Заев, коментирајќи дали има можност за лидерска средба по одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за целосно повлекување на аболицијата. Тој не сакаше конкретно да коментира со какви барања за идната влада што би ги организирала изборите ќе настапат. Нагласи дека за нив е прифатлива која било влада која ќе овозможи гласањето да биде фер и демократско.

За нас, ако постои можност за експертска влада, е прифатливо, ако постои можност за влада на национален спас, реформска влада, техничката влада да се врати, што било што ќе ги исполни тие цели е отворено за разговор и немаме никакви предрасуди или какви било скриени намери.
Зоран Заев, претседател на СДСМ

„Гарантирани предкампањата и кампањскиот процес и денот на изборите е тоа што е суштината и содржината на тој дел од Пржино. За нас, ако постои можност за експертска влада, е прифатливо, ако постои можност за влада на национален спас, реформска влада, техничката влада да се врати, што било што ќе ги исполни тие цели е отворено за разговор и немаме никакви предрасуди или какви било скриени намери“, рече Заев, кој додаде дека според Договорот од Пржино владата за организација на изборите треба да се формира шест месеци пред нивното одржување.

Ултиматум... Разврска???
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:13 0:00

Со исполнување на двата клучни предуслови што ги поставиле се отвора простор за надминување на кризата, рече тој, објавувајќи го планот за излегување од кризата, кој идентично како и Шарената револуција, двата услова побара да се исполнат до 18-ти јуни.

„Уставниот суд да ја потврди уставноста на Законот за Специјално јавно обвинителство! Сите приведени граѓани коишто протестираа треба да бидат ослободени и да запре прогонот врз демонстрантите! Само ако се исполнат овие два чекори, договорот од Пржино може да преживее“, рече Заев.

За излез од длабоката политичка криза итно е потребно и да се обезбеди владеењето на правото и исполнување на сите услови за слободни фер, демократски и кредибилни избори, нагласи претседателот на СДСМ, кој, покрај формирањето на Влада, ги спомена и прочистувањето на избирачкиот список и реформи во медиумите.

Инаку во дводневна посета на земјава е и германскиот специјален пратеник за Македонија Јоханес Хајндл, кој се среќава со претставници на власта и на опозицијата.

Засега никој не споменува конкретен датум кога би се одржале изборите. Заев инсистира тоа да биде, откако како што вели, ќе бидат исполнети сите услови тие да бидат фер и демократски.

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска велат дека не сакале да лицитираат со датуми, бидејќи тоа станало беспредметно сè додека СДСМ, како што нагласуваат, не се охрабри да каже дека сите услови се исполнети.

Покрај овој политички развој на настаните и протестите како што се одвиваа досега, секој ден во 18 часот, од вчера запреа, па како што најавија од Шарената револуција ќе се оди кон други форми и утре ќе се блокираат крстосници.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG