Достапни линкови

Караџиќ виновен за геноцид, казна 40 години затвор


Караџиќ осуден на 40 години затвор
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:04 0:00

Хашки трибунал - соопштување на пресудата

Хашкиот трибунал го осуди Радован Караџиќ за геноцид во Сребреница, но не и за геноцид во другите 7 општини во БиХ. Тој е осуден за злосторства за време на опсадата на Сараево и други злосторства.

Хашкиот трибунал го прогласи Радован Караџиќ за виновен по 10 од 11-те точки на обвинението. Караџиќ е прогласен за виновен за геноцид во Сребреница и за други злосторства против човештвото за време на војната во Босна и Херцеговина. Судскиот совет во Хаг му изрече единствена казна затвор од 40 години.

Трибуналот претходно соопшти дека нема доволно докази оти поранешниот лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ, е виновен за две обвиненија за геноцид во седум општини. Но тој е прогласен за виновен за геноцид за масакрот во Сребреница во кој беа убиени над 7 илјади муслимански мажи и момчиња.

Трибуналот пресуди дека Караџиќ е виновен за злосторства против човештвото во различни општини во Босна. Читајќи ја пресудата во Хашкиот трибунал за воени злосторства во поранешна Југославија, судија О-Гон Квон денеска рече дека има многу злосторства извршени од силите на босанските Срби против босански муслимани и босански Хрвати во општините во Босна и Херцеговина, но оти тие не се сметаат за геноцид.

Обвинение

Радован Караџиќ инаку беше обвинет за геноцид во Сребреница и уште седум општини во БиХ за време на војната од 1992 до 1995 година. Во другите точки од обвинението пак, се зборуваше за прогон, истребување, убиства, депортации, нехумани дела, тероризирање на цивилно население, незаконски напади врз цивили и земање меѓународни заложници. Овие кривични дела се квалификувани како злосторства против човештвото и кршење на законите и обичаите на војната.

Караџиќ: Од Собранието на БИХ до судницата во Хаг

Караџиќ: Од Собранието на БИХ до судницата во Хаг
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:36 0:00

Обвиненијата против Караџиќ беа фокусирани врз прогонот на Муслимани и Хрвати во БиХ, кој во 7 општини имал размери на геноцид, кампања на артилериски и снајперски напади со цел тероризирање на населението на Сараево за време на војната во БиХ, земање на персонал на УНПРОФОР за заложници во 1995 година, како и за геноцидот во Сребреница во јули 1995-та.

Во завршните зборови во октомври 2014 обвинителите побараа од судиите да го прогласат Караџиќ за виновен по сите точки од обвинението и да го осудат на доживотен затвор.

Караџиќ, кој се бранеше сам, побара да биде ослободен, тврдејќи дека обвинителите не ја докажале неговата вина. Тој, како што се наведува во обвинението на Хашкиот Трибунал, од март 1992 до јули 1996 беше на чело на највисоката цивилна и воена власт во Република Српска.

Заедно со Ратко Младиќ, беше еден од клучните учесници во здружен злосторнички потфат. Нивната цел, според Обвинителството, беше трајно отстранување на босанските муслимани и босанските Хрвати од областите на Босна и Херцеговина на кој босанските Срби сметаа дека полагаат право извршувајќи злосторства.

Намерата нај екстремно била манифестирана во Братунац, Фоча, Кључ, Приједор, Сански Мост, Власеница и Зворник. Во овие места беа убиени несрпски цивили, затворани во затворите во каде беа мачени, убивани, силувани.

Сребреница

Од друга страна Караџиќ се соочи со обвиненија и според, првостепената пресуда, е виновен за геноцид, извршен во Сребреница. Планот за преземање на енклавата започна да се спроведува во март 1995. Во почетокот на јули, силите на босанските Срби ја нападнаа Сребреница. Таму беа убиени над 7.000 мажи и момчиња, босански муслимани. Егзекуции кои се случија и во и околу Сребреница како и натериторијата на други општини беа под контрола на армијата на Република Српска.

Сараево

Во периодот од април 1992 до ноември 1995 година, во нападот на Сараево беше применета воената стратегија за гранатирање и снајперски напади за да се убијат, осакатат, ранат и тероризира цивилното население . Како резултат на оваа операција, која траеше над 1.400 денови беа убиени и ранети илјадници цивили меѓу кои и деца и старци.

Меѓу другите драстични примери во обвинението, против Радован Караџиќ меѓу другото, се наведува и бомбардирањето на пазарот Маркале на 5 февруари 1994 година, кога од граната истрелана од позициите на Војската на Република Српска загинаа 66, а беа повредени 140 лица.

  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG