Достапни линкови

Стабилно финансирање на МРТВ, услов за независност


ЗНМ предлага да се обезбеди фиксно финансирање на МРТВ со еден процент од буџетот. Според нив, без обезбедување на стабилен извор на финансирање, МТВ нема да биде вистински јавен сервис.

Македонската радио телевизија може да се претвори во вистински јавен сервис само ако и се овозможи институционална автономија и независна уредувачка политика на јавниот дифузер, вели претседателот на здружението на новинари Насер Селмани. Тој смета дека главните причини поради кои МРТВ не е независна се партизацијата и политизацијата на програмскиот совет и недоволното финансирање.

Сега МТВ преживува, тие не работат, не се развиваат, еве да речеме дека и уредниците сегашни имаат најдобри намери да бидат професионалци, не можат, затоа што следниот месец нема директорот да може да исплати плати, затоа што тоа дирекно зависи од министерот за финансии. Без обезбедување на стабилен извор на финансирање, МТВ нема да биде вистински јавен сервис.
Насер Селмани, претседател на ЗНМ.

Неопходна е промена на составот на програмскиот совет, каде што сега, од вкупно 13 членови, 8 се предложени од политички институции, што значи дека тоа тело се контролира од владејачките партии, објаснува Селмани.

„Да биде ситуацијата уште полоша, 4 од тие членови имаат конфликт на интереси, не смеат да бидат во советот, затоа што се коси со одредбата во законот во која се вели дека членовите на Советот, во последните пет години не смеат да бидат носители на јавни функции, а таму имате амбасадори, бивши пратеници, портпароли на општина и така натака“, вели Селмани.

Тој додава дека нивниот предлог, кој е ставен на преговарачката маса од страна на Питер Ванхојт, е да се обезбеди фиксно финансирање на МРТВ со еден процент од буџетот. Тие пари не се доволни за подолго време независен развој и зајакнување на институционална автономија, но во вакви услови ќе значи подобрување на моменталната ситуација.

„Сега МТВ преживува, тие не работат, не се развиваат, еве да речеме дека и уредниците сегашни имаат најдобри намери да бидат професионалци, не можат, затоа што следниот месец нема директорот да може да исплати плати, затоа што тоа дирекно зависи од министерот за финансии. Без обезбедување на стабилен извор на финансирање, МТВ нема да биде вистински јавен сервис“, вели тој.

Слаѓана Димишкова од Македонската асоцијација на новинари неодамна изјави дека се согласува дека за финансирањето на јавниот сервис е потребен фиксен прилив на средства со цел поголема стабилност.

„Тоа подразбира ограничување на комерцијалното рекламирање, да оди само во оние делови каде што емисиите практично се копродукциски и ако станува збор за прајмтајм тоа да биде само до 3 минути“, рече таа.

Власта до неодамна сметаше дека МТВ може да се зајакне само со воведување на етички кодекс на професионални стандарди. Селмани вели дека ако се прифатат клучните интервенции кои ги предлага Ванхојте, тогаш по домино ефект ќе се почувствуваат и промените во останатите медиуми.

„Кога јавниот сервис ќе известува професионално, тогаш луѓето ќе разберат колку непрофесионално и тенденциозно известуваат приватните медиуми и тоа ќе влијае на паѓање на нивниот рејтинг и гледаноста. Јас ви тврдам дека тоа ќе се случи“, вели тој.

Селмани додава дека ако политичарите ги прифатат нивните предлози за стабилно финансирање на МРТВ, неопходно е потоа да следува и еднаш годишно надворешна ревизија за потрошените пари која ќе биде јавно објавена, а не како досега, недостапна за јавноста.

Македонската телевизија располага со 14,5 милиони евра на годишно ниво, од кои 9 се од наплатата на радиодифузната такса.

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG