Достапни линкови

Страв од предизборни меѓуетнички инциденти во Струга


Струга, архивска фотографија.
Струга, архивска фотографија.

Директорите на средните училишта Ибраим Темо и Нико Нестор од побарале зголемено полициско присуство пред училишните објекти. Секогаш кога имало избори сме имале меѓуетнички инциденти, велат тие.

Се наближуваат избори и затоа постои страв од инциденти, особено од меѓуетнички карактер во Струга. Директорот на Гимназијата Ибраим Темо, Џеладин Муча, вели дека заедно со неговиот колега од соседното училиште Нико Нестор побарале зголемено полициско присуство пред училишните објекти.

Со директорот од другото училиште Нико Нестор заеднички доставивме барање секогаш да има на влезот на училиштето присутна полиција, бидејќи учениците секогаш знаат кога е време пред избори. Досега што сме имале инциденти, фала богу што тие не беа меѓуетнички, затоа поднесовме барање до МВР, бидејќи секогаш кога сме имале избори или пред избори ние сме имале меѓуетнички инциденти.
Џеладин Муча, директор на гимназијата Ибраим Темо во Струга.

„Со директорот од другото училиште Нико Нестор заеднички доставивме барање секогаш да има на влезот на училиштето присутна полиција, бидејќи учениците секогаш знаат кога е време пред избори. Досега што сме имале инциденти, фала богу што тие не беа меѓуетнички, затоа поднесовме барање до МВР, бидејќи секогаш кога сме имале избори или пред избори ние сме имале меѓуетнички инциденти. Добро е што сега такви не сме имале и не сакаме да имаме“, вели Муча.

Тоа е потребно поради поголема безбедност, бидејќи секојдневно овде учат околу 3000 ученици, посочува тој.

„Во нашиот мал двор се движат голем број на ученици, некаде околу 3000 ученици. Тоа значи дека едно големо село е присутно во ова место. Нашето училиште за несреќа е на влезот од градот. Затоа бараме да има повеќе присутни претставници на МВР“, вели Муча.

Надлежните повикуваат политиката да не се меша во образовниот процес.

„Во однос на првите инциденти разговаравме со учениците и родителите. Се повикуваа на разговори со стручната служба, со класните раководители, директорот. Ситуацијата се смири. Нон стоп континуирано ќе се разговара со децата, со нас како стручна служба. Голема улога ќе имаат и класните раководители, бидејќи во склоп на класните часови сè поинтензивно ќе се разговара за безбедноста и толеранцијата“, вели Светлана Симакоска, педагог во Ибраим Темо.

Многу е тешко да се спречи присуството на политиката и политичарите во училиштата, бидејќи децата постојано се на телевизија и се опкружени со таа ситуација, вели Симакоска.

„Многу е тешко да се спречи тоа особено со децата од трета и четврта година“, вели таа.

XS
SM
MD
LG