Достапни линкови

Партиите да го почитуваат договорот


Македонија се соочува со серозен проблем и во ваква ситуација се загрозува евроатланската иднина на земјата, велат анкетираните граѓани.

По дебаклот на преговарачката рунда со еврокомесарот Јоханес Хан, граѓаните упатуваат критики до политичките лидерите на партиите поради неодговорност и немање волја да ги решаваат проблематичните прашања. Тие посочуваат дека Македонија се соочува со серозен проблем оценувајќи дека во ваква ситуација е нефункционален Парламент и оти се загрозува евроатланската иднина на земјата.

Дали ќе влеземе што побрзо во ЕУ и во НАТО зависи од сериозноста во преговорите и одлуките што ќе се донесат. Што побрзо се донесе договор и се сфати сериозноста на ситуацијата тоа е подобро за целата држава.
Анкетиран граѓанин.

„Дали ќе влеземе што побрзо во ЕУ и во НАТО зависи од сериозноста во преговорите и одлуките што ќе се донесат. Што побрзо се донесе договор и се сфати сериозноста на ситуацијата, тоа е подобро за целата држава“, вели анкетиран граѓанин во рубриката Хајд Парк.

Дел од луѓето велат оти владејачката партија форсира свои интереси и ги блокира разговорите плашејќи се од „бомбите“, а некои, пак, вината ја бараат во опозицијата.

„Се мислам дека и одговара на владејачката партија за да се задржи што подолга на власт и за да владее онака како што владееше досега без владеење на правото и без почитување на основните човекови слободи и права.“

„Ако се заврши како што се договориле, веројатно нешто ќе се разоткрие. Од „бомбиве“ многу се гледа што е. Веројатно криминал има што и понатаму би се разоткрил. Тоа е. Затоа се прекинуваат.“

„Отпорот се гледа на една партија од опозицијата која сака да не успее договорот и да има избори во април, зашто се свесни дека ќе изгубат“, велат анкетираните граѓани.

Хајд Парк: Кој го кочи договорот од Пржино?
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:19 0:00

По политичкиот заплет во Македонија, граѓаните ги повикуваат политичарите да продолжат со имплементирањето на договорот од Пржино оценувајќи го тоа како најдобар начин за излез од кризата.

„Излезот од ситуацијата е во постигнување договор. Ако не постигнат договор се знае што се очекува, дека ќе ја изгубиме препораката за членство во ЕУ, а дури не очекуваат и санкции како што порача преговарачот Ванхауте.“

„Мислам дека се уште има можност да се реализира тоа што е зацртано и дека како држава што претендира за членство во ЕУ треба да се има доблест и храброст да се испочитува она што го потпишале партиите“, велат анкетираните граѓани.

Посредникот во преговорите Питер Ванхауте предупреди дека ако на почетокот на ноември не се донесе новиот состав на ДИК и не се реализира законот за специјалниот обвинител ќе се загрози и одржувањето на изборите и договорот од Пржино. Инаку освен за законот за бомбите последните несогласувања меѓу партиите се околу надлежностите на новите министри и замениците.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG