Достапни линкови

„Веќе не смееме да бидеме пасивни“


Бојкотот на студентите резултираше со повлекување на законот за високо образование, но преговорите за нов закон пропаднаа, а средношколците издејствуваа стариот концепт за државна матура да важи само за матурантите кои завршија претходната учебна година.

Стоп за лошите реформи во образованието, повикаа студентите точно пред една година. Па уследија маршови, окупација на факултети, герила акции, студентите се разбудија и си ги побараа правата и сè уште ги бараат. Потоа против лошите реформи во образованието се побунија и средношколците. И тие сè уште се бунат.

Им дадоа надеж и на другите групи кои се чувствуваат обесправени да се организираат и нешто да направат, зашто им дадоа надеж дека е можно да се направи некоја промена во општеството.
Здравко Савески, универзитетски професор.

Бојкотот на студентите резултираше со повлекување на законот за високо образование, но преговорите за нов закон пропаднаа, а средношколците издејствуваа стариот концепт за државна матура да важи само за матурантите кои завршија претходната учебна година. Денеска се навршува една година откако се одржа првата студентска средба на која стотина студенти јасно и гласно кажаа „не“ за најавениот закон за високо образование.

„Истиот тој закон беше изгласан преку ноќ, но на крајот успеавме да го одложиме. Би сакале да ги потсетиме нашите колеги дека секој студент има право да учествува во создавањето политики кои го уредуваат неговото студирање. Веќе не смееме да бидеме пасивни“, стои во повикот на Студентски пленум за одбележување на една година од почетокот на студентското движење.

Студентите доста направија, не само за себе и за својата борба, туку променија и доста работи во Македонија, вели професор Здравко Савески.

„Им дадоа надеж и на другите групи кои се чувствуваат обесправени да се организираат и нешто да направат, зашто им дадоа надеж дека е можно да се направи некоја промена во општеството. Понатаму, успеаја да го прошират тој модел на хоризонтална демократија, на хоризонтално организирање и на крај успеаја да се ублажат етничките бариери во Македонија“, вели тој.

Наставникот Владо Димовски вели дека секоја измена во законите која не е добро анализирана и за која не е направена добра јавна дебата предизвикува револт.

„Студентите се организираа на прекрасен начин. Тоа резултираше со организирање на средношколците, кои се организираа исто така на прекрасен начин и на крај нè разбудија и нас како наставници. Тие незадоволства траат и до ден денес и кај студентите и кај средношколците и кај наставниците. Еве веќе има нови протести, токму поради бавното решавање на одредени проблеми и барања“, вели Димовски.

  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG