Достапни линкови

Специјалната обвинителка во фокусот на неделниот печат


Глобус смета дека власта ја опструира специјалната обвинителка, Република дека законот за специјалнот обвинителство е оспорен пред Уставниот суд, а Фокус дека владата се плаши од обвинителката.

Глобус - Власта се обидува да го сопре времето и со притисоци кон Јанева

Израелската тура на Заев, на највисоко ниво, сосе изјавата дека Израел не дава донации во пари, веројатно предизвика да ʼим тече низ ногавициʻ.
Фокус.

„Власта се обидува да го сопре времето и со притисоци кон Јанева“, ја посветува он-лајн магазинот Глобус својата главна тема на разноразните перипетии со кои се среќава специјалната обвинителка Јанева, и од своите колеги и од власта и од медиумите наклонети кон неа. Глобус прашува „дали јавноста знае каква е организациската поставеност на актуелното Обвинителство или на она за борба против организираниот криминал? Секако не“, па дополнува пак со прашање: „Како тоа остана тајна току долго време, а Јанева и не започната со работа, која е во контакт со многу малку луѓе и институции е практично организационо и финансиски ʼсоголенаʻ веднаш. Дали тоа не е притисок врз неа? Секако дека е - пораката е сè што ќе правиш ќе знаеме „ние“, а ако треба и нашите медиуми. Ова во врска со протекувањето во јавноста, преку провладините медиуми, на плановите за работа и за финансирање на Специјалното обвинителство што Јанева ги доставила до Владата. Авторот наведува и други факти со кои го поткрепува тврдењето дека специјалната обвинителка која треба да ги истражува случаите „Прислушување“ и „Пуч“, е предмет на специјален „третман“ на притисоци.

Република - Обвинителите го бранат Уставот - специјалната пред Уставен суд

„Обвинителите го бранат Уставот - специјалната пред Уставен суд“ ја најавува Република на насловната страница својата актуелна тема. Во текстот, неделникот ја потсетува Јанева дека колку и да смета на поддршка, било од странците или од медиумите, како јавен обвинител со децениско искуство требала да знае дека како специјален јавен обвинител можела и морала да се потпира исклучиво на позитивните законски решенија во државава. „Затоа што, и нејзиниот избор, и покрај тоа што е политичко решение во даден момент“, пишува Република, „е решение во насока за зачувување на правото и на правдата“.

Фокус - На власта ѝ „тече низ ногавици“

Како синтеза на двата различни уредувачки става во претходните изводи од неделниците Глобус и Република, Фокус во уводната колумна наведува дека „не е сал ʼпланот на Катицаʻ она што им ја предизвика инсомнијата на фамилијата и на зврлевци“ па ги впрегнале провладините медиуми и обвинителите да тргнат во акција против обвинителката. „Израелската тура на Заев, на највисоко ниво, сосе изјавата дека Израел не дава донации во пари, веројатно предизвика да ʼим тече низ ногавициʻ. Та за обична ʼклеветаʻ, што тие така ја дефинираа, а судот послушно ја парафираше, носеа психијатриски вештачења. Де сон немале, де срцето им лупало забрзано, де напади од срам од фамилијата добивале. Според ваквите наоди, верувам дека од планот на Катица и од пораките од Израел гарант се стигнати за во спец-установа да завршат“, пишува Фокус.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG