Достапни линкови

Изборните правила ќе се договараат во последен миг


До шести октомври работните групи треба да ги затворат сите прашања поврзани со изборната регулатива. Некои сегменти се речиси при крај, како составот на ДИК и нејзините овластувања.

Откако вчера беше испуштен рокот за договорање за овластувањата на Државната изборна комисија, предвиден во договорот од Пржино, се појасно станува дека сè поврзано со изборите ќе се договора во последен момент. Извори вклучени во работата на работната група велат дека очекуваат долга ноќ на петти октомври, пред крајниот рок шести, кој го спомена и еврокомесарот Јоханес Хан.

Генерално од опозицијата ќе гласаат секогаш за жалбите кои се однесуваат на опозицијата, оние што се од власта во 99 отсто од случаите ќе си гласаат за нивните жалби за изборите, меѓутоа оние тројца што ќе бидат клучни и ќе решаваат се многу битни во целиот тој процес.
Митко Гаџовски, политички аналитичар.

Истите извори велат дека засега се чини дека е затворено прашањето за составот на Државната изборна комисија, односно било договорено таа да биде составена од девет членови, од кои тројца ќе ги предлага власта, тројца опозицијата, а другите тројца ќе бидат независни експерти.

Ваквиот модел не е лош, но сепак ќе остане можноста за сомнежи во одлуките со оглед на тоа дека тие ќе зависат од одлуките на тројцата експерти, вели политикологот Митко Гаџовски.

„Од власта и од опозицијата ќе се знае кои ќе бидат тие тројца, меѓутоа проблем ќе бидат тие останати тројца експерти кои ќе бидат тие тројца експерти кои во одредени случаи ќе имаат одлучуваат значење дали ќе биде усвоена или одбиена некоја жалба во врска со изборите. Генерално од опозицијата ќе гласаат секогаш за жалбите кои се однесуваат на опозицијата, оние што се од власта во 99 отсто од случаите ќе си гласаат за нивните жалби за изборите, меѓутоа оние тројца што ќе бидат клучни и ќе решаваат се многу битни во целиот тој процес“, вели Гаџовски.

Инаку истите извори вклучени во разговорите велат дека е подзатворено и прашањето за овластувањата на ДИК, со тоа што се уште останувал недоговорен начинот на одлучување, па опозицијата барала повеќестепена жалбена постапка за евентуални изборни нерегуларности, а ВМРО-ДПМНЕ инсистирале за жалбите да одлучува единствено Управниот суд.

Гласање на дијаспората, прочистувањето на избирачки список, медиумското преставување за време на изборите, одвојување на владејачката партија од државата, финасирање на кампањата се прашања поврзани со изборите, за кои се уште нема приближувањето на ставовите или воопштено не се доскутирани. Истите извори тврдат и дека идејата за Македонија да биде една изборна единица се уште била во игра, а опозицијата ја сметала за решение и за проблемот со гласањето на дијаспората, оти така ќе се изгубел дисбалансот во гласовите што ги добиваат кандидатите. Во врска со прочистувањето на избирачкиот список ситуацијата е иста со денови, па од работната група го имаат истиот одговор, на маса се опциите и за активна регистрација и за теренска проверка.

И други теми надвор од изборното законодавство се се уште отворени како на пример анкетната парламентарна комисија за скандалот со прислушувањето, која е исто така предвидена во договорот од Пржино. Извори од опозицијата велат дека од минатиот четврток и немало состанок на таа тема, туку само писмени преписки.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG