Достапни линкови

Топ - тема одлука на Судот за „бомбите“


Дневните весници пишуваа за одлуката на скопскиот суд 1 за познатите „бомби“ на Заев, враќањето на опозицијата во Парламентот, најавите за нови протести во образованието.

Топ - тема во медиумите деновиве е одлуката на скопскиот суд 1 да ги прогласи снимените разговори од познатите „бомби“ на Заев како противзаконски стекнати докази и неважечки, постапувајќи по тужбите од СДСМ за наводни криминални дејанија на врвните луѓе во партијата на власт.

Сè уште никој од министрите и функционерите против кои СДСМ поднесе тужби нема поднесено приватна тужба против Заев за објавувањето на аудио снимките.
Дневник.

Утрински ја пренесува изјавата на генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски дека „Одлуката на судот е незаконска зашто е донесена во предистражна постапка и со ова се покажува намерата за кршење на договорот од Пржино“.

Средношколци.
Средношколци.

За Вечер одлуката е правилна: „Судот има донесено уставно заснована и правилна одлука“.

Дневник потсетува дека сè уште никој од министрите и функционерите против кои СДСМ поднесе тужби нема поднесено приватна тужба против Заев за објавувањето на аудио снимките.

Вечер почна со напади врз адвокатот на СДСМ, Филип Медарски. Еден наслов во весникот гласи: „Лицемерието на СДСМ - Цела фамилија Медарски вгнездена во судството“.

Државната матура ќе се полага по стариот модел, законските измени се одложуваат до 2016-та.

Инаку, до пред два дена главна вест во медиумите беше враќањето на пратениците на СДСМ во собраниските клупи. „ЕУ го поздрави враќањето на опозицијата, очекува прогрес за обвинителот“, забележа Утрински. Истиот весник во наслов ја објави изјавата на Заев по тој повод: „Нема да дозволиме нов палома договор - ако до 15 септември не се избере специјален јавен обвинител, договорот од Пржино е невалиден“. ВМРО-ДПМНЕ преку координаторот на својата пратеничка група, Илија Димовски, одговори на ова потсетување: „Не се плашиме од работата на идниот специјален обвинител“.

Сите весници ја објавија и изјавата на премиерот Груевски дека „Опозициските пратеници треба да си ја заработат платата“. По Лилјана Поповска од ДОМ, и Павле Трајанов нема да седи во делот на клупите со пратениците од владејачката партија, ќе дејствува како независен пратеник, но не излегува од Владата, објави Утрински.

По најавите на Средношколскиот и Професорскиот пленум дека продолжуваат со протестите против најавените реформи во образованието, лично премиерот соопшти дека „Државната матура ќе се полага по стариот модел, законските измени се одложуваат до 2016-та“, објавија Вечер и другите весници.

И како продолжение на предизборните активности на премиерот - дента кога опозицијата се врати во парламентот, за Дневник, на пример, прва вест беше изјавата на Груевски дека Владата ќе одвои 50 милиони денари за модернизирање на детската клиника во Скопје, заради помала смртност на новороденчињата.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG