Достапни линкови

Многу министри и пари, малку странски инвестиции


Власта со сите расположливи средства (пари на граѓаните) бара странски инвестиции, но ефектите се обратно пропорционални од „напорите“ или што би се рекло - многу пари, а малку музика

Mинистри задолжени за странски инвестиции, Агенција за странски инвестиции, Дирекција за развојни зони, економски промотори во странство, роуд шоуа, реклами по светски медиуми. Сето ова за привлекување на странски инвестиции во земјава, која и покрај тоа се наоѓа на дното на балканската листа по приливот на странски капитал. Владата дополнително издвојува и милионски суми за субвенции и разни ослободувања на странските фирми во слободните економски зони.

Никако. Тоа, би рекол, дека е едноставно едно лошо управување со јавните пари, документирано неколкупати досега дека ваквите однесувања се асиментрични во однос на тоа што значи добро управување.
Aкадемик Абдулменаф Беџети.

Aкадемик Абдулменаф Беџети во интервју за Радио Слободна Европа, кое ќе се емитува в недела, вели дека не го оправдува трошењето на парите од буџетот за привлекување на странски инвестиции.

„Никако. Тоа, би рекол, дека е едноставно едно лошо управување со јавните пари, документирано неколкупати досега дека ваквите однесувања се асиментрични во однос на тоа што значи добро управување. Основните принципи со кои се мери доброто управување е ефикасноста, ефективноста, транпарентноста, отчетноста и одговорноста. Во принцип ниту едно од овие начела не е исполнето“, вели Беџети.

Економскиот аналитичар Слободан Најдовски вели дека владата во најголема тајност ги чува сумите кои се издвојуваат за привлекување на странски инвестиции, бидејќи се работи за пари од буџетот.

Не би била сумата голема ако повратниот ефект, односно бенефитот би бил поголем. Но, за жал ние имаме ситуација каде што имаме голем број на економски промотори во држави од кој не стигнал ниту еден денар странска инвестиција.
Слободан Најдовски, економски аналитичар.

„Не можеме ние да кажеме колкава сума треба да се потроши тоа зависи од ефектот кој што сакаме да го постигнеме и дали тие пари се исправно насочени. Не би била сумата голема ако повратниот ефект, односно бенефитот би бил поголем. Но, за жал ние имаме ситуација каде што имаме голем број на економски промотори во држави од кој не стигнал ниту еден денар странска инвестиција“, вели Најдовски.

Беџети додава дека владата воопшто не води сметка како ги троши народните пари и прашува дали доколку се работело за нивни средства исто би се однесувале. Најдовски смета дека најпрвин треба да се тргне од целта која што сакаат да се постигне и да се оцени дали парите биле искористени во права насока.

„Од она што досега можеме да го видиме може да се заклучи дека тоа претставува само еден маркетиншки потег на Владата, а многу малку имаме ефект во државата“, додава Најдовски.

Во ребаланост на буџетот е наведено дека за Агенција за странски инвестиции 489,8 милиони денари ќе бидат издвоени 7,9 милиони евра, а за Дирекција за технолошки индустриски развојни зони 13,9 милиони евра. Податоците на Народна Банка покажуваат дека во првите три месеци од годинава во Македонија влегле 69 милиони евра. Споредбено со истиот период во минатата година има намалување за 40 милиони вера.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG