Достапни линкови

Ромите во Тетово најмногу ги знаат јазиците на соседите


Тетово.
Тетово.

Една од причините Ромите, покрај мајчиниот, да знаат и македонски и албански е тоа што најчесто одат во училиште на тие два наставни јазици. Исто така за тоа придонесува и секојдневната комуникација со различните јазични групи по разни основи.

Живеењето во град со повеќе етнички и културолошки заедници како Тетово е вистинска придобивка и можност да се научат јазиците на своите соседи. Ова посебно важи за ромската заедница, објаснува тетовецот Незир Хусеини, кој ги зборува јазиците на сите етнички заедници во Тетово. Една од причините Ромите, покрај мајчиниот, да знаат и македонски и албански е тоа што најчесто одат во училиште на тие два наставни јазици. Исто така за тоа придонесува и секојдневната комуникација со различните јазични групи по разни основи.

Внукот мој има година и шест месеци. Два јазика веќе разбира. Мајка му на ромски ковачки, син ми на ромски џамбаски. Жена ми говори со него на македонски и албански.
Незир Хусеини, жител на Тетово.

„Ние тука во Тетово сме комшии со сите националности. Значи не сме класифицирани во гета каде не би можеле да говориме други јазици освен ромскиот. Нормално, имаме комшии од македонска националност, албанска, турска. Внукот мој има година и шест месеци. Два јазика веќе разбира. Мајка му на ромски ковачки, син ми на ромски џамбаски. Жена ми говори со него на македонски и албански. На две, две и нешто години ќе може да зборува на три јазици“, објаснува нашиот соговорник.

Незир Хусеини.
Незир Хусеини.

Хусеини говори вкупно 7 јазика. Покрај ромскиот, ги знае сите јазици кои се употребуваат во тетовско - македонски, албански и турски, додека одлично ги владее и српско-хрватскиот, англискиот и германскиот јазик.

Основниот ромски, другиот албански и македонскиот јазик бидејќи почнав да учам на албански јазик основното тука.
Незир Хусеини, жител на Тетово.

„Основниот ромски, другиот албански и македонскиот јазик бидејќи почнав да учам на албански јазик основното тука. После заминав во Белград на воена академија каде почнав да учам српско-хрватски јазик во тоа време. Почнав да го учам германскиот. Англискиот и германскиот ги говорам, ги читам ги пишувам“, вели тој.

Тоа што Незир Хусеини зборува повеќе јазици му овозможило постојано да комуницира со голем број луѓе и воедно да стекне многу повеќе пријателства.

„Јас препорачувам што повеќе јазици луѓето да знаат, оти така се побогати“, потенцира тој.

Поради позитивното искуство преку невладината организација во која работи, постојно се обидува да ги анимира луѓето да се интересираат за другите јазици.

XS
SM
MD
LG