Достапни линкови

Се поизвесна преодна влада


Заев во Брисел ќе инсистира на влада без Груевски. Експертите велат дека разговорите се прилично неизвесни, оти партиите имаат екстремно спротивставени позиции. ЕУ очекува сите политичките лидери од Македонија да учествуваат на средбата со Хан.

Пред продолжените на разговорите за излез од кризата во Брисел, од СДСМ ги потврдуваат ставовите на претседателот на партијата Зоран Заев дадени во интервју за медимите, во кое тој вели дека ќе инсистираат на преодна влада без Груевски. Според Заев може да биде целосно експертска, може да биде и политичка, композитна влада, од сите партии во парламентот, може да биде предводена дури и од член на ВМРО-ДПМНЕ, но не од гарнитурата која е целосно инкриминирана.

Можен е пробив, ама поверојатно е дека тоа ќе биде една потешка политичка игра. Треба да се види, исто така, и што луѓето од ЕУ подготвуваат како материјали кои треба да значат пробив кон демократијата.
Денко Малески, универзитетски професор и поранешен министер за внатрешни работи.

Заев во петокот го откажа учеството во Брисел, меѓутоа по телефонскиот разговор со посредникот, еврокомесарот Јоханес Хан, го смени мислењето.

Проценките на експертите се дека во секој случај преговорите се прилично незивесни. Исходот сите би сакале да биде излез од кризата, меѓутоа радикалано спротивставените позиции на двата политички субјекти е извор на сомневање, вели професор Денко Малески.

Еврокомесарот Јоханес Хан.
Еврокомесарот Јоханес Хан.

„Можен е пробив, ама поверојатно е дека тоа ќе биде една потешка политичка игра. Треба да се види, исто така, и што луѓето од ЕУ подготвуваат како материјали кои треба да значат пробив кон демократијата“, вели Малески.

Друго ќе дојде на дневен ред ова прашање на враќање во Парламентот, бидејќи каква и да е влада, ќе треба да се избере во Парламентот, кај што опозицијата мора да се врати. На таа влада ќе треба некои ингеренции да и се одредат надвор од оние редовни што ги има редовна политичка влада.
Димитар Мирчев, универзитетски професор.

Доколку премиерот цврсто остане на својата позиција дека тој сака да ги организира изборите, преговорите ќе бидат неуспешни, нагласува Малески.

„Она што го очекува демократската јавност е водството на владеачката партија конечно да преземе одговорност, што би значело повлекување од раководните функции, излегување од политиката и создавање услови за нова екипа да влезе во преговори за обновувавње на демократскиот политички систем. Ако тоа се договори во овој период на транзиција, тогаш патот за решавање на кризата ќе биде отворен“, додава Малески.

Професор Димитар Мирчев оценува дека во моментов станува збор за екстремни позиции на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, но неговите очекувања се дека посредувањата на Унијата ќе помогнат да се надминат тие екстремности. Неговите проценки се дека изборите треба да ги подготвува влада која ќе биде избрана во Парламентот.

Очекуваме сите политичките лидери од Македонија да учествуваат на средбата со Хан закажана в среда во Брисел.
Маја Коцијанчич, ЕУ.

„Друго ќе дојде на дневен ред ова прашање на враќање во Парламентот, бидејќи каква и да е влада, ќе треба да се избере во Парламентот, кај што опозицијата мора да се врати. На таа влада ќе треба некои ингеренции да и се одредат надвор од оние редовни што ги има редовна политичка влада. Тоа, пак, не може без Парламентот. Така да мислам дека ќе напреднат овие разговори и преговори во Брисел и тие водат кон некое решение“, вели Мирчев.

Портпаролката на еврокомесарот Јоханес Хан, Маја Коцијанчич, изјави денеска дека очекуваат сите политичките лидери од Македонија да учествуваат на средбата со Хан закажана в среда во Брисел како одговор на прашањето дали претседателот на СДСМ, Зоран Заев го потврдил своето присуство. Според Коцијанчич, еврокомесарот бил јасен оти за некои прашања веќе се разговарало и постои согласност, а за другите ќе стане збор на претстојната средба. Таа додаде и дека веруваат оти решението за политичката криза во земјата е од особена важност, а ЕУ помага за таа цел да биде постигната.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG