Достапни линкови

ВО ЖИВО - Анти-владин протест

Граѓански здруженија, невладини организации и политички партии, меѓу кои и најголемата опозициска партија, СДСМ, денеска во Скопје пред зградата на владата на Македонија организираа протестен собир под мотото „Граѓаните за Македонија“.

17:07 17.5.2015

Зоран Заев:

„На Никола Груевски му се одбројани часовите“. Кукавички, од позиција на премиер, сурово се пресметувал со неистомислениците, крадел избори, ги узурпирал институциите, ги погази уставот и законите“.

„Со волја или без волја на Никола Груевски, тој ќе замине“

16:58 17.5.2015

Обраќање на лидерот на СДСМ, Зоран Заев:

„Испраќам јасна порака од името на сите нас овде, од сите етнички заедници, од различни политички партии и здруженија - Никола - оди си“.

16:52 17.5.2015

На протестот моментално се пуштаат делови од досега објавените прислушувани разговори.

16:46 17.5.2015

Следува настап на „Белизе бенд“

Проба за настап на протестот пред Владата
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:29 0:00

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG