Достапни линкови

Центарци одлучуваат за изгледот на ГТЦ


Центарци гласаат на референдум за изгледот на ГТЦ
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:19 0:00

Центарци гласаат на референдум за изгледот на ГТЦ

Регистрирани се 43. 560 гласачи во избирачкиот список. За да биде успешен референдумот треба на гласање да излезат 21.781 избирач, а за да се сочува автентичнито изглед на ГТЦ треба повеќе од половина од нив да одговорат со „ЗА“ на референдумот.

Жителите на Општина Центар денеска се изјаснуваат на референдумот за Градскиот трговски центар. Со „ЗА„ и „ПРОТИВ“ одговараат на референдумското прашање: Дали сте за зачувување на автентичниот изглед на ГТЦ? Се гласа од 07:00 – 19:00 часот на истите гласачки места, како што се гласа на парламентарни, локални и претседателски избори. А се гласа на 78 избрирачки места на територијата на Општина Центар.

За да биде успешен референдумот треба на гласање да излезат 21.781 избирач, а за да се сочува автентичнито изглед на ГТЦ треба повеќе од половина од нив да одговорат со „ЗА“ на референдумот.

Во 19 часот гласачкото место се затвора, а оние гласачи кои се затекнале на гласачкото место им се овозможува да гласаат. Гласачкото место на кое гласале сите запишани во избирачкиот список може да се затвори и пред 19 часот, но не се почнува со броење на гласовите пред истекот на рокто предвиден за траење на гласањето.

Државната изборна Комисија претходно соопшти дека се регистрирани 43. 560 гласачи во избирачкиот список, што е за околу 750 гласачи повеќе од последните организирани избори. Од ДИК велат дека останува нерешен проблемот со гласачите од Пустец. Претседателот Никола Рилковски рече дека не се знае точната бројка на овие гласачи и дека се потребни подобри услови за да се реши овој проблем.

За да биде успешен референдумот треба на гласање да излезат 21.781 избирач, а за да се сочува автентичнито изглед на ГТЦ треба повеќе од половина од нив да одговорат со „ЗА“ на референдумот.

Референдумот во Општина Центар ќе го надгледуваат 597 набљудувачи, а меѓу нив покрај ДИК се и набљудувачите од МОСТ, Цивил, ОБСЕ и други невладини организации.

Референдумот во Општина Центар ќе го надгледуваат 597 набљудувачи, а меѓу нив покрај ДИК се и набљудувачите од МОСТ, Цивил, ОБСЕ и други невладини организации.

Граѓанската асоцијација МОСТ со 111 статични набљудувачи и 4 мобилни тимови ќе го следи процес на гласање за референдумското прашање за ГТЦ во Општина Центар. Од МОСТ потсетуваат дека нивните набљудувачи се оние со претпознатливиот белег - жолти маици, на кои на предната лева страна стои логото на МОСТ и е испишано „Мониторинг 2015“. Од Граѓанската асоцијација повикаа на фер и слободен референдум.

„Оние што ќе гласаат да се произнесат по своја сопствена волја „за“ или „против“ референдумското прашање. Посочуваме дека сите засегати страни треба да демонстрираат почитување на демократските вредности, особено што во овој случај се работи за референдум – најважниот облик на непосредна или директна демократија“, изјавија од МОСТ на вчерашната прес конференција.

Поради референдумот, Министерството за внатрешни работи денеска од 7 до 19 часот ќе работи на издавање лични карти.

Во текот на денешниот ден ќе биде отворена и бесплатната телефонска линија 080 080 080 на која сите граѓани ќе можат да пријават евентуални нерегуларности и поплаки.

Невладината „Цивил“ пак акредитира 79 набљудувачи за референдумот за ГТЦ, а покрај нив ќе има и 12 надворешни набљудувачи.

И „Цивил“ бара да се почитува слободната волја на граѓаните и да се почитуваат демократските стандарди кои ги налага една ваква демократска процедура.

Ден претходно 45 затвореници и притворени, кои се жители на Општина Центар го искористиле своето право на глас и гласале на референдумот за ГТЦ, соопштија од ДИК. Од таму велат дека гласале лица кои се сместени во затворите во Шутка, Куманово, Идризово и Штип.

Поради референдумот, Министерството за внатрешни работи денеска од 7 до 19 часот ќе работи на издавање лични карти.

  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG