Достапни линкови

Изложба за Светскиот ден на уметноста во Македонија


Дела на шеесеттина уметници, припадници различни генерации кои со своето творештво придонесуваат во развојот на македонската ликовна уметност, како и на творци од други земји кои како гости го подржаа проектот, се претставени на изложбата „Во слава на уметноста“ што од 15 до 30 април, во организација на Асоцијацијата за култура ИКОН, се одржува во Културно информативниот центар во Скопје. Целта на постановката е и во земјава да биде одбележан Светскиот ден на уметноста, кој од 2011 глобално се слави на роденденот на големиот Леонардо да Винчи.

Родољуб Анастасов, Илија Аџиевски, Решат Амети, Сергеј Андреески, Агрон Абдули, Милан Андов, Илина Арсова, Дејан Арсовски, Жарко Башески, Ибрахим Беди, Невзат Бејтули – Кица, Нехат Беќири, Трајче Блажевски, Атанас Ботев, Гоце Божурски, Жанета Гелевска-Велјановска, Владимир Георгиевски, Ставре Димитров-Стадим, Слободан Живковски-Цобе, Дејан Иванив-Маргуш, Цветанка Јованова, Симонида Филипова-Китановска, Павле Кузманоски, Билгаип Кочишта-Биге, Росица Лазеска, Димитар Малиданов, Мирослав Масин, Мифтар Мемети, Доне Милјановски, Јовица Мијалковиќ, Вук Митевски, Срѓан Миќиќ, Томе Мишев, Касиопеја Наумовска, Данчо Ордев, Борис Петров, Петар Попчев, Исмет Рамичевиќ, Маријета Сидовски, Анета Ивановска-Симјановска, Илија Спасовски-Чендо, Сафет Спахиу, Тања Таневска, Денис Тенев, Новица Трајковски, Дијана Томиќ-Радевска, Микица Трујкановиќ, Ангел Чауш, Ѓорѓи Чулаковски-Ѓото, Стефан Хаџи-Николов, Феким Хусковиќ, Симон Шемов, Емил Шулајковски, Тони Шулајковски и Јован Шумковски се 60-ната македонски уметници, припадници на неколку генерации, чии дела се претставени на изложбата „Во слава на уметноста“, што од 15 до 30 април, во организација на Асоцијацијата за култура ИКОН, се одржува во Културно информативниот центар во Скопје.

Уметноста е таа што ги апстрахира овие судири затоа што тежнее кон убавото, кон возвишеното. Затоа е и направен еден ваков избор на македонски уметници да бидат претставени на одбележувањето на овој Светски ден на уметноста.
Климе Коробар, претседател на ИКОН.

Целта на постановката е и во Република Македонија да биде одбележан Светскиот ден на уметноста, кој од 2011 година, по одржувањето на 17-то генерално собрание на Асоцијацијата за уметност при ИКОМ – УНЕСКО, во Гвадалахара, Мексико, глобално започна да се слави на роденденот на големиот Леонардо да Винчи.

Климе Коробар, претседателот на ИКОН, вели дека воведувањето на Светскиот ден на уметноста треба да помогне на сегашните и идните генерации да ја осознаат важноста на уметноста низ вековите. Неопходно е светот да ја препознае важноста на уметноста за нашата планета и да ја истакне улогата на уметниците за нашата цивилизација. Говорејќи за сторениот одбир на уметници, тој дополнува дека во овој момент токму еден таков избор од уметници од неколку генерации, со различна етничка и партиска припадност е неопходно да се претстави на првото одбележување на Денот на уметноста во земјава.

Во Република Македонија од посебна важност е одбележувањето на Светскиот ден на уметноста затоа што во овој момент живееме во едно општество кое е доста поделено по партиска, по етничка, по верска, социјална основа, а уметноста е таа која што не знае за вакви поделби.
Климе Коробар, претседател на ИКОН.

„Уметноста е таа што ги апстрахира овие судири затоа што тежнее кон убавото, кон возвишеното. Затоа е и направен еден ваков избор на македонски уметници да бидат претставени на одбележувањето на овој Светски ден на уметноста“, вели Коробар.

Тој појаснува дека нема да биде лесно да се промовира овој сон и визија ниту во светски рамки, ниту бо локални рамки. Вели дека едно е сигурно, „дека воспоставувањето на овој ден не може да наштети, но, може да помогне во изградбата на подобар свет“.

„Во Република Македонија од посебна важност е одбележувањето на Светскиот ден на уметноста затоа што во овој момент живееме во едно општество кое е доста поделено по партиска, по етничка, по верска, социјална основа, а уметноста е таа која што не знае за вакви поделби. Уметноста е всушност онаа која што тежнее кон убавото, тежнее кон оплеменување на човековата душа и затоа на уметниците им се страни тие меѓуетнички, меѓупартиски и други конфликти. Тие секогаш работат за радост и среќа на граѓаните. Уметноста е мост за премостување на бездните на недоразбирањата, алка на спојување на разликите и различностите во заедништво сватено како ослободување, а не како заробување на човековиот дух и личност. Таа не води кон заеднички идеал, визија и вредности. Уметниците тоа го докажуваат на најдобар начин – со дела полни со енергија, со убавина и со радост“, вели Коробар.

Конечно, како гости кон проектот се придружија: Омер Калеши, Бернхард Холеман, Лиз Баерлајн, Тураја ал Баксами, Вели Блакчори и Паоло Чампини, а за постановката „Во слава на уметноста“ е изготвен и репрезентативен каталог во кој се поместени и текстовите на Ферид Мухиќ и Ефтим Клетников.

  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG