Достапни линкови

Обвинителството со двојни аршини за „Пуч“ и „Прислушување“


Познавачите на правната материја велат дека постои мислење дека приоритет имаат пријавите за случајот „Пуч“, а тие што ги поднела опозицијата побавно се процесуираат.

Неделата што изминува, на распит во Јавното обвинителство беа повикани осомничените во аферата „Пуч“, Зоран Заев и првоосомничениот Зоран Верушевски, а исказ даде и премиерот Никола Груевски, во својство на оштетен. Но, во јавноста сè уште нема информации дали во Обвинителството дале изјави оние за кои СДСМ поднесе пријава во случајот „Прислушување“.

Обвинителство како институција досега барем тотално се обрука, ништо не презема, презема само во однос на „Пуч“. За десет дена осум пати го прибираат на сослушување, на разговори, лидерот на опозицијата Зоран Заев, а иако има 30 пријави кои се поднесени од другата група, од страна на опозицијата, до сега колку што знае јавноста не е активиран, односно се подготвуваат некои претходни подготвителни дејствија, меѓутоа нема ништо што е преземено, што може да даде некаков резултат.
Трендафил Ивановски, поранешен уставен судија.

Од Јавното обвинителство не добивме одговор до каде е постапката со случајот „Прислушување“. Неодамна Јавниот обвинител Марко Зврлевски во изјава за нашето радио рече дека не е точно дека различно се постапува во случаите, туку се работи со ист интензитет. И од опозициската СДСМ, но и впечатокот во јавноста е дека многу често во Обвинителството на распит одат осомничените во аферата „Пуч“, а дека Обвинителството не ги повикува на распит они за кои СДСМ поднесе кривични пријави.

Јавниот обвинител Марко Зврлевски.
Јавниот обвинител Марко Зврлевски.

Познавачите на правната материја велат дека постои мислење дека приоритет имаат пријавите за случајот „Пуч“, а тие што ги поднела опозицијата побавно се процесуираат.

Поранешниот претседател на Уставниот суд, Трендафил Ивановски, вели дека Обвинителството е само маша во рацете на власта и не смее да делува оти се исплашени.

Довербата во институциите е крајно разнишана и малкумина вон власта веруваат во можност за правична и законита правна разрешница на овој случај со „Прислушувањето“, без претходно да имаме претходна политичка разрешница.
Ана Јаневска-Делева, извршен директор на Транспарентност Македонија.

„Обвинителство како институција досега барем тотално се обрука, ништо не презема, презема само во однос на „Пуч“. За десет дена осум пати го прибираат на сослушување, на разговори, лидерот на опозицијата Зоран Заев, а иако има 30 пријави кои се поднесени од другата група, од страна на опозицијата, до сега колку што знае јавноста не е активиран, односно се подготвуваат некои претходни подготвителни дејствија, меѓутоа нема ништо што е преземено, што може да даде некаков резултат“, вели тој.

Но, во јавноста има такво мислење и за работата на другите државни институции во однос на овие случаи.

Ана Јаневска-Делева, извршен директор на Транспарентност Македонија, вели дека барале оставка од раководните лица во Јавното обвинителство, но и во други надлежни институции, оти, како што вели, не постапуваат по случаите поднесени од опозицијата.

„Досега самите институции воопшто не излегле со свои мислења, ниту пак преземаат нешто. Довербата во институциите е крајно разнишана и малкумина вон власта веруваат во можност за правична и законита правна разрешница на овој случај со „Прислушувањето“, без претходно да имаме претходна политичка разрешница. Како најповикано тука е Јавното обвинителство бидејќи навистина не преземаат ништо во врска со овие објави на опозицијата.“

Заев во меѓувреме го посетува Обвинителството и за еден друг случај. Во текот на објавувањето на „бомбите“, власта го товари дека имал намера да земе поткуп од свој сограѓанин.

  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG