Достапни линкови

Кумановци неинформирани за слободен пристап до информации


Граѓаните во Куманово не поднеле ниту едно барање за информации од јавен карактер до јавната администрација.

Невладината организација „ДРОМ“, заедно со локалната самоуправа Куманово го спровела проектот „Јас имам право да се информирам“, со финансиска поддршка од „Метаморфозис“ во рамките на програмата на акциската мрежа За добро владеење. Програмата е финансирана од Европската унија. Резултатите покажале дека ниту едно барање не било поднесено од граѓаните до јавната администрација.

Проектот има за цел подобрување на комуникација помеѓу граѓаните и јавната администрација со поефикасна примена на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Донка Петровска, НВО „ДРОМ“.

„Проектот има за цел подобрување на комуникација помеѓу граѓаните и јавната администрација со поефикасна примена на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер“, вели Донка Петровска од НВО „ДРОМ“ и додава дека за таа цел извршиле мониторинг во сите сектори во администрацијата во текот на 2013-та и 2014-та година, за да ги согледаат барањата доставени од граѓаните.

При тоа од секторите биле испочитувани законските рокови, во што е предвидено граѓаните да бараат информации дури и кога барањата се напишани рачно. И на нив вработените одговараат во дадениот рок. Во Куманово во тој период ниту едно барање не било поднесено.

Не сум имал потреба, бидејќи многу често има нешто ново. Отсега натаму ќе знам и додека некој од мојата околина има потреба ќе им укажам каде и како да се обратат.
Анкетиран граѓанин.

Запрашаните кумановци главно велат дека до сега не поднеле барање, бидејќи не знаеле дека имаат таква можност.

„Не сум имал потреба, бидејќи многу често има нешто ново. Отсега натаму ќе знам и додека некој од мојата околина има потреба ќе им укажам каде и како да се обратат.“

„Мислам дека граѓаните не се доволно информирани за Законот и мислам дека Општината треба да е потранспарентна за да ги информира граѓаните. И на тој начин таа ќе може да биде потранспарентна за тоа што работи и граѓаните да го следат тоа“, велат упатените и додаваат дека неинформираните граѓани не ги знаат надлежностите на локалната администрација, нејзината одговорност, така што остануваат ускратени и за остварување на нивните права.

Токму затоа и НВО „ДРОМ“ изготвила флаери на сите јазици што се употребуваат во Општината Куманово, а во нив е и Законот за слободен пристап до информациите во јавната администрација. И тоа не е е гарант дека граѓаните ќе се информираат, оти во времето кога насекаде во градот, дури и пред вратите на нивните домови граѓаните се натрупани со некакви флаери и рекламни материјали.

  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG