Достапни линкови

ПРОЕКТИ vs „бомби“


Владимир Нелоски, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.
Владимир Нелоски, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

ПН: Помеѓу шестата и седмата бомба на Зоран Заев, отворени беа два локални патишта, промовирани беа нови вагони, промовирана беше странска инвестиција, предвреме беше отплатен долгот кон ММФ и заштедени беа неколку милиони евра, а сето тоа беше поздравено од челните луѓе на ММФ, пишува претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.

Бомбите пукаат ли пукаат, СДСМ довербата сепак не ја зголемува кај народот. Секоја наредна детонација е сè послаба и понеинтересна за народот. Можеби граѓаните очекуваа дека после првите две или три бомби на Заев, четвртата бомба ќе му биде носење странска инвестиција со 1000 вработувања, или можеби промоција на програма за зголемување на платите во приватниот сектор (тоа не му одговара бидејќи тој самиот неговите вработени ги пријавува на минималец) или, пак, можеби промоција на нов кадар кој ќе му го понуди на народот кој се едуцирал во странство и е експерт во својата област.

Секоја прес-конференција е истата стара шема на нивниот им учител и шеф Бранко Црвенковски. Истите педесетина луѓе во истата сала на истото место стојат и му ракоплескаат на претседателот. Разработена шема за кревање лажна еуфорија само кај тие педесетина членови. На секое новинарско прашање кое не му одговара на претседателот свиркаат и довикуваат.

Сепак, ништо од ова не се случи. Секоја прес-конференција е истата стара шема на нивниот им учител и шеф Бранко Црвенковски. Истите педесетина луѓе во истата сала на истото место стојат и му ракоплескаат на претседателот. Разработена шема за кревање лажна еуфорија само кај тие педесетина членови. На секое новинарско прашање кое не му одговара на претседателот свиркаат и довикуваат. Зад говорницата заробени дваесетина луѓе кои стојат од страв заради уцени од претседателот за сопствените грешки кои ги правеле, а што претседателот ги има в рака. Истото го гледаме и денес како и години наназад кога Бранко Црвенковски беше претседател на СДСМ.

За разлика од овие излитени шеми за прес-конференции, ние ја имаме поддршката на граѓаните. Секојдневно сме на терен, ги слушаме потребните на граѓаните и го ислушуваме секој човек. ВМРО-ДПМНЕ не го уценува сопствениот народ и не ја држи во заложништво сопствената држава, ние работиме за доброто на граѓаните.

Додека поддршката на соработникот на странските служби господинот Зоран Заев затаила некаде во времето (според анкетите на ИРИ дури и Али Ахмети има повисок рејтинг од Заев), нашиот претседател и премиер ги прави вистинските чекори во насока на заштита на националните интереси и интересите на нашата држава и граѓаните.

Помеѓу шестата и седмата бомба на Зоран Заев, отворени беа два локални патишта, промовирани беа нови вагони, промовирана беше странска инвестиција, предвреме беше отплатен долгот кон ММФ и заштедени беа неколку милиони евра, а сето тоа беше поздравено од челните луѓе на ММФ. Во временски интервал од неколку дена ВМРО-ДПМНЕ предводена од Никола Груевски со сета поддршка на членовите, на Унијата на млади сили, поддршката од граѓаните, направи толку колку што ни СДСМ нема направено во сите претходни мандати.

Поддршката кај граѓаните и кај членството не се стекнува со размафтување на транскрипти од разговори, со уцени и со држење во заложништво на сопствениот народ. Поддршката кај граѓаните се добива со напорна работа, со непроспиени ноќи поради работи и изнаоѓање решенија, со секојдневна комуникација со граѓаните, со присутност и пишување програма слушајќи ги потребите на граѓаните. Тоа е методологијата на работа на нашиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Само така се стекнува поддршка и доверба.

Во временски интервал од неколку дена ВМРО-ДПМНЕ предводена од Никола Груевски со сета поддршка на членовите, на Унијата на млади сили, поддршката од граѓаните, направи толку колку што ни СДСМ нема направено во сите претходни мандати.

Претседателе, ја имате сета поддршка од страна на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ и Вие тоа добро го знаете. Младите се за проекти, младите се за нови работни места, младите се за подобра иднина која Вие одлично ја трасирате во изминатите години.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ ја има поддршката на граѓаните. Граѓаните знаат да ја изберат својата иднина и не сакаат да бидат соработници на странски центри.

ВМРО-ДПМНЕ никогаш не подлегнува на уцени и закани. Тоа го знаат и постарите членови, а тоа добро го знаат и членовите на Унијата на млади сили. ВМРО-ДПМНЕ секогаш било и ќе биде во служба на граѓаните, на народот, на државата. ВМРО-ДПМНЕ никогаш по примерот на СДСМ не соработувале и нема да соработуваат со странски служби, бидејќи ние работиме за доброто на нашата Македонија. Притисоците, заканите и уцените кои што се обидуваат да ги упатуваат членовите на СДСМ кон одредени луѓе се само знак на немоќ.

Ние сме ВМРО-ДПМНЕ и ние работиме за граѓаните. Претседателе Никола Груевски, Вие се докажавте со вашата работа и проекти. Вие ја вративте Македонија на вистинскиот пат и сте главен сојузник на младите. Со Вас сме!

XS
SM
MD
LG