Достапни линкови

Кој е одговорен за разорениот безбедносен систем?


Безбедносниот систем е пробиен, велат познавачите и сугерираат дека е потребно негово реформирање.

Случајот со прислушувањето на над 20 илјади луѓе потврди дека во Македонија безбедносниот систем е пробиен, велат експертите.

Доколку во јавноста протекуваат сите информации околу оперативните врски, околу прибраните материјали со следење на комуникации, зборувам во законска форма, во таа ситуација значи дека службите не функционираат.
Владимир Пивоваров, универзитетски професор и поранешен разузнавач.

Професор Владимир Пивоваров, кој има искуство како воен разузнавач, нагласува дека заштитата на тајноста на работата на службите за безбедност е толку голема што некој да изнесе такви материјали е многу тешко и скоро невозможно. Тие простории се обезбедени и технички и физички и има перманентна контрола, објаснува Пивоваров и оценува дека доколку се случило некој да изнесе материјали од таму, тоа покажува дека е распаднат најчуствителниот дел во секторот, а тоа е преносот на информации.

„Суштината на безбедносниот систем е во заштита на она што го работите. Доколку во јавноста протекуваат сите информации околу оперативните врски, околу прибраните материјали со следење на комуникации, зборувам во законска форма, во таа ситуација значи дека службите не функционираат, односно се јавиле некои големи проблеми во таа брана на заштита и дека под итно таквите служби треба да се реформираат“, вели Пивоваров.

Тој систем е пробиен, разоран е целиот систем за безбедност, и дека поради таквите сосотојби мора да има јавна, транспарентна, темелна истрага и после тоа да си сносат одговорност тие што се одговорни за ваквите постапки.“
Павле Трајанов, поранешен министер за внатрешни работи.

По повод тврдењата дека странски служби документирале и снимале и најновата изјава на премиерот дека тоа се вршело од мобилни станици, Пивоваров вели дека тоа не соодветствува со реалноста. Нема можност странски служи да извршат масовно прислушување, бидејќи праксата покажува дека странските служби во земјата на интерес имаат таргет од најмногу 30 лица, дециден е Пивоваров.

„Дека тоа се вршело од мобилни станици апсолутно не конвенгира со реалноста, затоа што секое земање на сигналот од страна на ваквите натрапници кои сакаат да прислушуваат, претставува сериозен проблем, затоа што мобилниот оператор веднаш може да го детектира, а впрочем тука се зборува за период, колку што слушнавме, од 3-4 години, значи нон сенс е такво нешто да може да се случи“, вели Пивоваров.

Поранешниот министер за внатрешни работи, Павле Трајанов вели дека аферата „Пуч“ покажува дека безбедносниот систем е пробиен и сугерира дека е потребна темелна истрага.

„Тој систем е пробиен, разоран е целиот систем за безбедност, и дека поради таквите сосотојби мора да има јавна, транспарентна, темелна истрага и после тоа да си сносат одговорност тие што се одговорни за ваквите постапки.“

Пивоваров дополнува дека и во врска со содржината на говорот во информациите што се објавуваат треба да се провери дали станува збор за кривични дела и во тој случај да се оди со поднесување кривични пријави.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG