Достапни линкови

Заев - Власта мести судски одлуки и именува и разрешува судии


СДСМ со нови пет прислушувани разговори
please wait

No media source currently available

0:00 0:05:36 0:00

СДСМ со нови пет прислушувани разговори

Со денеска објавените разговори, рече Заев, се покажува како Груевски и Мијалков, со неколкумина свои соработници и функционери од ДУИ местеле судски и обвинителски одлуки, избори и разрешување на судии, претседатели на судови, унапредувања на судии, послушни кон власта.

Пет разговори со кои, како што рече, се докажува директната спрега на релација власт-правосудство презентираше денеска на прес-конференција претседателот на СДСМ Зоран Заев. Во партиското седиште во кое зад него беа сите негови блиски соработници, тој нагласи дека разговорите биле снимени од „братучетската двојка Никола Груевски и Сашо Мијалков“. Со нив, додаде тој, се покажувало како Груевски и Мијалков, со неколкумина свои соработници и функционери од ДУИ местеле судски и обвинителски одлуки, избори и разрешување на судии, претседатели на судови, унапредувања на судии, послушни кон власта.

„Ова недвосмислено открива зошто затворите во Македонија се полни со политички затвореници, како се монтираат судски процеси против неистомисленици, како се местат судски пресуди против новинари што не се соработници со власта и против секој кој не е соработник на власта“, рече Заев.

Меѓу петте разговори пуштени на денешната прес-конференција, во еден од нив, како што нагласи Заев, се слушал гласот на директорот на УБК Сашо Мијалков како зборува со тогашниот прв човек за спроведување на Рамковниот договор Муса Џафери. Тој разговор, нагласи претседателот на СДСМ, билдоказ дека двајцата договараат избор на претседател на Врховниот суд.

please wait

No media source currently available

0:00 0:04:56 0:00
Директен линк

Во три од денеска емитуваните разговори, како што најави Заев, се слуша гласот на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. Во првиот, таа зборува со поранешниот министер за правда Михајло Маневски и како што рече лидерот на опозицијата договараат судска одлука за брат на членка на Судскиот совет, а за возврат таа требала да им послужи за избори и разрешувања судии.

Ова недвосмислено открива зошто затворите во Македонија се полни со политички затвореници.
Зоран Заев, претседател на СДСМ.

Во друг разговор, пак, Јанкулоска, според Заев, кај прилепскиот градоначалник Марјан Ристески проверува дали одреден судија е доволно нивен за да биде унапреден.

Еден од емитуваните разговори беше меѓу Јанкулоска и министерот за финансии Зоран Ставрески за кривична постапка против него. Заев тврди дека послушноста на актуелниот јавен обвинител Марко Зврлевски како Јавен обвинител за организиран криминал, го однела чекор повисоко поради тоа што лично тој, по нарачка лично на Јанкулоска, донел јавно обвинителска одлука да отфрли кривична пријава против Ставрески.

please wait

No media source currently available

0:00 0:10:12 0:00
Директен линк

Последниот разговор што го емитуваше Заев, како што рече, бил меѓу уредникот на телевизија Сител Драган Павловиќ Латас и апелационата судијка и сопруга на поранешниот министер за правда Михајло Маневски, Филимена Маневска, на која новинарот, според лидерот на опозицијата, интервенира Апелација да суди во негова полза, а Маневска се нафаќа да помогне.

please wait

No media source currently available

0:00 0:01:42 0:00
Директен линк

Инаку ова е втора прес-конференција поврзана со т.н бомба на Заев. Во понеделникот тој рече дека повеќе од 20 илјади луѓе биле прислушувани од македонските служби, а документите ги добил од луѓе внатре во службите негирајќи дека му се дадени од странство.

ВМРО-ДПМНЕ: Заев продолжува да одработува за странски служби

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ реагира дека Зоран Заев го продолжува своето одработување за странски центри „со објавување на креирани материјали, со што се надева дека без поддршка од граѓаните, без програма, проекти и идеи, ќе го донесе на власт“.

„Се разбира, потоа тој е свесен, а очигледно и подготвен да ги исполни очекувањата на неговите шефови од странство. Човекот кој јавно и соопшти на целата македонска јавност дека македонскиот народ треба да ја свитка кичмата, кој по СМС пораки ги информираше другите партиски лидери дека на власт ќе го донесат пријатели од странство и кој на премиерот најмалку пет пати му потврдил дека креираните материјали му се од странски служби, очекува народот да му верува и да гласа за него на избори. Човекот кој што јавно говореше дека сите вработувања во Струмица се партиски и испрати порака до граѓаните дека кога ќе дојде на власт сите вработени ќе бидат заменети со членови на СДСМ, со цел памет се надева дека ќе го убеди народот да му даде мнозинска поддршка на избори. Со секоја прес-конференција Зоран Заев само докажува дека е соработник и инструмент на странски разузнавачки служби, како што самиот тврдеше“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ по денешната прес-конференција на Заев.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG