Достапни линкови

Државниот врв бега од прашања за прислушкувањето


Началникот на ГШ на АРМ Горанчо Котески реферира за борбената готовност на АРМ во 2014 пред претседателот на Република Македонија и врховен командант на Вооружените сили на АРМ Ѓорге Иванов.
Началникот на ГШ на АРМ Горанчо Котески реферира за борбената готовност на АРМ во 2014 пред претседателот на Република Македонија и врховен командант на Вооружените сили на АРМ Ѓорге Иванов.

Претседателот Ѓорге Иванов и премиерот Никола Груевски денеска се појавија на два различни настани, но си заминаа без да одговараат на новинарски прашања.

Државниот врв избегнува новинарски прашања за аферата „Прислушкување“, трет ден откако лидерот на СДСМ Зоран Заев објави 11 телефонски разговори, кои, како што рече, нелегално ги снимале припадници на македонските безбедносни служби, а по директна наредба од премиерот Никола Груевски и директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков. Заев обвини дека нелегално биле прислушкувани повеќе од 20 илјади граѓани.

Можноста да се биде дел од еден ваков настан во кој странски инвеститор и официјално почнува со работа во Република Македонија отсекогаш ни претставувало големо задоволство. Ваквите настани и отворањето на нови работни места во земјата претставува најголема сатисфакција за нашата работа.
Никола Груевски, премиер.

Претседателот Ѓорге Иванов и премиерот Никола Груевски денеска се појавија на два различни настани, но си заминаа без да одговараат на новинарски прашања.

Премиерот Никола Груевски присуствуваше на отворањето на канцелариите на британската ИТ-компанија Ендава.
Премиерот Никола Груевски присуствуваше на отворањето на канцелариите на британската ИТ-компанија Ендава.

Премиерот Груевски присуствуваше на отворање на работните простории на британската информатичка компанија Ендава во Скопје, но по пригодниот говор по повод отворањето на странската инвестиција, си замина без да одговара на новинарски прашања.

„Можноста да се биде дел од еден ваков настан во кој странски инвеститор и официјално почнува со работа во Република Македонија отсекогаш ни претставувало големо задоволство. Ваквите настани и отворањето на нови работни места во земјата претставува најголема сатисфакција за нашата работа“, рече Груевски во говорот.

Повикувам, политичките субјекти во земјата да се однесуваат разумно и одговорно, во согласност со интересите на граѓаните и државата. Само на тој начин ќе докажат дека нивните програмски определби се во интерес на демократијата во Република Македонија.
Писмена изјава од претседателот Ѓорге Иванов.

Претходно, и претседателот и врховен командант на вооружените сили, Ѓорге Иванов одби да даде изјава пред новинарите за полициската акција „Пуч“ во која меѓу другите, за „шпионажа и насилство врз високи државни претставници“ е осомничен и лидерот на опозицијата Заев, кој, пак, в понеделник обвини дека македонските служби нелегално прислушкуваат илјадници граѓани. Претседателот Иванов пред настанот во Домот на АРМ во Скопје, на кој началникот на Генералштабот на АРМ Горанчо Котески требаше да му реферира за борбената готовност на армијата, само им се насмевна на новинарите кои го замолија да застане и да даде изјава. За време на настанот, неговиот Кабинетот објави писмена изјава од претседателот во која се наведува дека изразува целосна поддршка за брзо, ефикасно и транспарентно постапување на сите надлежни државни органи во утврдувањето на постоење на активности спротивни на уставно-правниот поредок и во санкционирањето на сторителите на кривични дела.

Сметам дека однесувањето на големите медиуми, посебно на јавниот сервис и другите национални телевизии е неетичко и тие треба да дадат повеќе гласност и повеќе јасност во работите што се случуваат.
Мирче Адамчевски, претседател на комисијата за жалби при Советот за етика.

„Повикувам, политичките субјекти во земјата да се однесуваат разумно и одговорно, во согласност со интересите на граѓаните и државата. Само на тој начин ќе докажат дека нивните програмски определби се во интерес на демократијата во Република Македонија“, се наведува во писмената изјава на претседателот Иванов во која се вели дека предизвиците треба да се решаваат по институционален пат.

Во изјавата, претседателот Иванов посочува дека улогата на медиумите во демократското општество е да укажат на сето она што ги нарушува демократските процеси и е против интересите на граѓаните и државата и нагласува дека во остварувањето на оваа улога медиумите ја имаат неговата целосна поддршка.

Од друга страна, токму медиумите, поточно поголемиот дел од телевизиите потфрлија во известувањата за материјалите што ги објавува опозицијата, а тоа е прашање од јавен интерес, коментираат познавачите на медиумските состојби. Голем дел телевизии прилозите од тие настани ги пласираат кон крајот на вестите и тоа како доста кратко известување.

Според Мирче Адамчевски, претседател на комисијата за жалби при Советот за етика, прашањето поврзано со тоа што го објавува опозицијата е многу деликатно и е од јавен интерес.

„Сметам дека однесувањето на големите медиуми, посебно на јавниот сервис и другите национални телевизии е неетичко и тие треба да дадат повеќе гласност и повеќе јасност во работите што се случуваат“, вели Адамчевски.

Според испитување на јавното мислење спроведено во 2013 година од тогашниот Совет за радиодифузија, македонските граѓани за домашните и странските настани најчесто се информираат од телевизиите односно 79 отсто, 44 отсто од интернет-порталите, 20 отсто од весниците и 8 отсто од радио.

  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG