Достапни линкови

Во Дебар никој не сака да биде извршител


Секој со секого се познава во Дебар, па затоа никој не сака да биде извршител иако има многу невработени правници.

И покрај тоа што во општина Дебар има кадровски потенцијал, сепак нема ниту еден извршител. Правниците овде велат дека никој не сака да биде извршител и покрај тоа што извршителите добро заработуваат. И во заедницата на Дебарските правници често е расправано околу ова прашање. Има информации дека заедницата имала и чести средби со невработени правници и укажувала на потребата да се полага испитот за извршител, но никој и од нив не е убеден дека треба да се ангажира како извршител.

Според мои сознанија има многу невработени правници, но никој од нив не е заинтересиран да биде извршител во својата општина. Во Дебар извршителската активност ја вршат извршители од други градови, претежно од Струга и Гостивар, но и други градови од земјава.
Мислим Дачи, претседател на Заедницата на правниците во Дебар.

Претседателот на Заедницата на правниците во Дебар, Мислим Дачи, вели дека нема најави дека некој од правниците во општината има интерес да стане извршител.

„Според службената евиденција што се води во Комората на извршители на Република Македонија во Дебар нема таков профил. Има правници, судии, адвокати, но досега не е евидентиран ниту еден извршител. Според мои сознанија има многу невработени правници, но никој од нив не е заинтересиран да биде извршител во својата општина. Во Дебар извршителската активност ја вршат извршители од други градови, претежно од Струга и Гостивар, но и други градови од земјава.“

Мислим Дачи, претседател на Заедницата на правниците во Дебар.
Мислим Дачи, претседател на Заедницата на правниците во Дебар.

Претседателот на заедницата, Дачи, смета дека главна причина што никој во Дебар не сака да стане извршител е малиот град во кој секој се познава со секого.

„Во врска со причините е разговарано со колегите во заедницата но и надвор од неа. Ние сметаме дека главниот проблем е во тоа што тоа е специфична работа, а треба да се има предвид и фактот што Дебар е мал град и сите се познаваат меѓусебе и тешко е да се спроведе една судска одлука. Никој не сака да се замери со луѓе кои ги знае и комуницира секојдневно“, истакнува Дачи.

Извршителите од Струга и Гостивар, но и од другите градови на Македонија кои се ангажирани да ги извршат судските пресуди на жители од општина Дебар, сметаат дека е можно сепак некој од дебарските правници да се ангажира како извршител. Според нив има одреден интерес кај некој од правниците во градот бидејки заработувачката е навистина мошне добра. Токму заради оваа поволност овие извршители не ја исклучуваат сепак можноста и Дебар да добие наскоро свој извршител.

  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG