Достапни линкови

Фалсификувањето платежни картички - криминал на иднината


Во фалсификувањето на платежни картички е иднината на криминалот оти полесно да се седне пред компјутер и со соодветно знаење да се украдат пари, велат упатените. Од банките велат дека податоците и парите на клиентите се заштитени.

Фалсификувањето платежни картички е криминал на иднината, велат упатените, додека од банките посочуваат дека се имплементираат безбедносни мерки. Клиентот кој е жртва на криминал нема да сноси финансиски последици, уверуваат банкарите.
Политиката на македонските банки е од тоа што јас го знам е дека при таквите злоупотреби клиентите се заштитени, банките не дозволуваат финансиските загуби да бидат на товар на клиентите.
Игор Давчевски, советник во банка.

Темата се актуализира откако министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска информираше за приведување на осуммина осомничени за фалсификување платежни картички и нелегални трансакции во рамки на акцијата „Сити“.

Банките ги користат сите возможни стандарди за заштита на трансакциите на клиентите, вели советникот на управниот одбор на НЛБ Тутунска Банка Игор Давчевски.

„Без разлика дали тоа се трансакции на банкомати или на пост терминали, имплементирани се најнови технологии на картичките, тоа се чип технологии, со кои и заштитата на податоците на клиентот и заштитат на
Овие кривични дела се многу полесни за извршување, потребно ви е многу знаење, еден добар лап-топ со добра конфигурација и тоа е начинот да го нападнете послабиот систем каде што има финансиски средства.
Владимир Пивоваров, универзитетски професор.
неговиот таен пин код е на највисоко ниво, по последни стандарди на меѓународните платни системи и на мастер картичките.“

Од друга страна, криминалците никогаш не спијат, трудејќи се да ги злоупотребат податоците на клиентите и да украдат пари, вели Давчевски.

„Тоа е вечна борба. Политиката на македонските банки е од тоа што јас го знам, а за Тутунска тоа со сигурност го потврдувам, дека при таквите злоупотреби клиентите се заштитени, банките не дозволуваат финансиските загуби да бидат на товар на клиентите.“

Тука станува збор за иднината на криминалот вели универзитетскиот професор Владимир Пивоваров. Тој посочува дека е полесно да се седне пред компјутер и со соодветно знаење да се украдат пари.

„Овие кривични дела се многу полесни за извршување, потребно ви е многу знаење, еден добар лап-топ со добра конфигурација и тоа е начинот да го нападнете послабиот систем каде што има финансиски средства или да направите некоја друга трансакција и со самото тоа да се стекнете со финансиски средства кои на многу полесен начин ги добил како извршител на кривично дело.“

Нормално е надлежните служби да го следат овој начин на кражба, вели Пивоваров.

„Нормално дека треба да има редефинирање на организација, нова поставеност во нивното работење и комуницирање и целите и задачите кои произлегуваат од законот и кои стојат пред нив.“
Инаку во случајот со акцијата „Сити“,приведените се сомничат за вкупно 87 нелегални трансакции на ПОС терминали на повеќе домашни банки и во 22 продажни места во Скопје, Куманово и Штип.
XS
SM
MD
LG