Достапни линкови

„Банкарска тајна“ во Македонија ќе нема


Банкарската заедница затекната, народот исплашен, а државата влегува се подлабоко во џебот на граѓаните.

Банкарската заедница не била ниту информирана, ниту консултирана за владините измени на Законот за банки. Неофицијално оттаму велат дека законските измени ги затекнале и дека наскоро ќе разговараат за тоа каков став ќе заземат по предлог измените кои се во собраниска процедура.

Па и за плашање е, мислам дека не е во ред тоа, но мислам дека и граѓаните треба да бидеме совесни, да си плаќаме, за да не ни ѕирка државата во џебот.
Анкетиран граѓанин.

Предлог измените кои предвидуваат банките да им даваат податоци за поединечни лица на Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување и на Фондот за здравственото осигурување, не поминал низ комисиите на Здружението за банкарство, зашто изготвувачот Министерството за финансии не ги информирало, оти подготвува измени.

Аналитичарите и банкарите стравуваат дека со овие измени ќе се намали довербата на граѓаните во банките, затоа што со овие измени на некој начин, тие се претвараат во широка база за финансиско пребарување.

Граѓаните велат дека не им се допаѓаат овие измени и дека по малку ги плаши таквата контрола која ја воспоставува власта.

Сопствен маж на жена или жена на маж не може да ги знае сметките, а како некој да ти ги гледа одозгора. Ќе те контролира од горе како има, што имаш.
Анкетиран граѓанин.

„Катастрофа, затоа што како може некој да ти ја гледа сметката, кај го има тоа? Тоа е лоша работа.“

„Па и за плашање е, мислам дека не е во ред тоа, но мислам дека и граѓаните треба да бидеме совесни, да си плаќаме, за да не ни ѕирка државата во џебот.“

„Се плашам што државата сака да има увид во се.“

Дел од граѓаните велат дека таквите измени може да ги натераат да си повлечат заштедените пари кои ги чуваат во банка.

„Ова држава чуда прави со сите глупости што ги прави. Јас мислам дека ова ќе биде најголема глупост. Замислете ако јас штедам и да знае колку јас имам и што имам.“

„Тоа е страшно. Јас ја следам ситуацијата и нормално ако нешто не е во ред ќе си ги повлечам депозитите.“

„Сопствен маж на жена или жена на маж не може да ги знае сметките, а како некој да ти ги гледа одозгора. Ќе те контролира од горе како има, што имаш.“

Кога станува збор за споделување на податоди, банките досега имале еднократна соработка со Министертвото за труд и социјална политика во поглед на спроведување на проектот „отпишување на долгови“. Оттаму велат дека не давале податоци за банкарски производи надвор од договореното, но кога ќе се стави во закон правото на барање податоци, банките нема да ги испитуваат причините за потребата на податоците, туку ќе бидат обврзани да ги даваат податоците без прашање, со што терминот „банкарска тајна“ пропаѓа.

Според предлог измените увидот на овие институции во сметките е можен само доколку банката и институцијата имаат склучено меморандум.

Банкарите велат дека овој член има широка основа и остава на банка да одлучи дали ќе склучи таков договор или не, што пак од друга страна ќе им даде можност на граѓаните да бидат клиенти во онаа банка која нема да склучи таков меморандум со институциите.

Досега увид во банкарските сметки на граѓаните имаа Јавното обвинителство и надлежните судови кога за некое лице се води постапка, како и УЈП, Народната Банка, Финансова полиција, Државен девизен инспекторат за контрола на девизното работење и Фондот за осигурување на депозити.

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG