Достапни линкови

Професорите прифатија дебата во Собранието па се пишманија


Професорскиот пленум и премиерот во расчекор
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:09 0:00

Професорскиот пленум и премиерот во расчекор

Професорскиот пленум ја прифати поканата на премиерот Никола Груевски да дебатираат во Собранието, наместо во хотелот Александар Палас, но подоцна рекоа да нема да учествуваат во дебата за предлог-закон кој веќе го поминал првото читање.

Дебатата за предлог-измените во Законот за високо образование од хотелот Александар Палас се префрли во Уставната сала на Собранието.

Студентскиот пленум, пак, уште пред хотелот Александар Палас соопшти дека стои на истиот став, односно дека нема да учествува во дебата за предлог-измените во високото образование кои в четврток треба да се најдат на второ читање пред Комисијата за образование, наука и спорт во Собранието.

Додека професори од Професорскиот пленум пред хотелот даваа изјави зошто не се согласуваат со предлог-измените, премиерот Никола Груевски пристигна таму и ги повика да земат учество во дебатата. Професорите одговорија дека нема да дебатираат во хотел за такво важно прашање. Премиерот потоа ги повика на дебата во Собрание или каде сакаат, на што професорите одговорија дека прифаќаат дебата во Собранието. Дебатата во Собранието меѓу Министерството за образование и Интеруниверзитетската конференција е во тек.

Премиерот Груевски имаше свое излагање, но од Професорскиот пленум одбија да присуствуваат. Тие пред Собранието изјавија дека нема да учествуваат во дебата за предлог-закон кој веќе го поминал првото читање. Тие бараат повлекување на предлог-законот од собраниска процедура, па потоа да се спроведе дебата. Од Професорскиот пленум напоменаа дека не е во надлежност на премиерот да организира дебата во Собранието, туку тоа може да го направи само матичната комисија. Уште еднаш порачаа дека доколку не бидат исполнети нивните барања, повторно ќе излезат на протести.

Студентскиот пленум, пак, уште пред хотелот Александар Палас соопшти дека стои на истиот став, односно дека нема да учествува во дебата за предлог-измените во високото образование кои в четврток треба да се најдат на второ читање пред Комисијата за образование, наука и спорт во Собранието.

Ректорот на универзитетот Св. Кирил и Методиј и претседател на Интеруниверзитетската конференција, Велимир Стојковски, побара изготвување на нов закон во кој ќе бидат земени предвид сите аргументи.

Премиерот Никола Груевски во воведното обраќање на дебатата истакна дека сакаат да испратат порака до идните студенти дека не е само да се запишат на факултет, туку треба и да научат ништо, а не само да земат диплома.

„Не е јасно како тоа не може да се сфати. Знаевме дека има ризици и дека ќе бидеме плукани“, рече премиерот Груевски.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG