Достапни линкови

Протест против новите давачки за хонорарците

Протест поради новите давачки за хонорарците
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:43 0:00

Протест поради новите давачки за хонорарците

„Не за државен рекет“ е мотото на денешниот протест во Скопје против плаќањето придонеси на хонорарите.

Неколку стотици граѓани излегоа на протест во Скопје против воведувањето задолжително плаќање придонеси за хонорарците кое стапува на сила од почетокот на наредниот месец.

Извикувајќи „Доста нè крадете“,„Социјална правда“, „Народот го крадете“ тие се движат од Жена парк и Собрание кон Владата.

Протестот го поддржа и Студентскиот пленум, оценувајки дека законските измени во услови на големата невработеност и во време кога тешко се доаѓа до работа и хонорар ќе ги докусурат студентите со дополнителни плаќања кон државата.

Демонстрантите сметаат дека со ваквиот закон дополнително ќе осиромаши најзагрозениот дел од работниците, кои не можејќи да најдат редовно вработување, егзистенцијата ја обезбедуваат работејќи за хонорар, кој, според организаторите, не е ниту редовен, ниту висок.

Протест против новите давачки за хонорарците

Протест против плаќањето придонеси за хонорарците
2/16 Протест против плаќањето придонеси за хонорарците
Протест против плаќањето придонеси за хонорарците
3/16 Протест против плаќањето придонеси за хонорарците
Протест против плаќањето придонеси за хонорарците
4/16 Протест против плаќањето придонеси за хонорарците
Протест против плаќањето придонеси за хонорарците
5/16 Протест против плаќањето придонеси за хонорарците
Протест против плаќањето придонеси за хонорарците
6/16 Протест против плаќањето придонеси за хонорарците
Протест против плаќањето придонеси за хонорарците
7/16 Протест против плаќањето придонеси за хонорарците
Previous slide
Next slide

Хонорарците сега плаќаат само персонален данок од 10 отсто, а од први јануари, за хонорарите повисоки од минималната плата ќе се плаќаат и придонеси за пензиско и здравствено осигурување, со што вкупните давачки ќе надминат 35 отсто од хонорарот.

This item is part of
XS
SM
MD
LG