Достапни линкови

Власта немоќна да се справи со загадувањето


Големите фабрики се затворени, а загаденоста на воздухот не се намалува. Министерот за животна средина вели дека квалитетот на воздухот зависи од граѓаните, а не од министерството.

И покрај тоа што компанијата „Макстил“, која управува со скопската фабрика Железара, соопшти дека го запре производството на метали се додека ги постави еколошките филтри, загаденоста на воздухот во Скопје и натаму е многу висока. Мерните станици деновиве покажуваат високи концентрации на опасните материи, неколку пати повеќе од дозволените граници за заштита на здравјето.

Таа информација не зависи од нас, таа зависи од сите нас како ние ќе се однесуваме со тој воздух. Како ние ќе се однесуваме со тие препораки што ние ги даваме. Дали вие во овој ден ќе возите сите свои коли или колите ќе ги оставите дома. Тоа зависи од вас.
Нурхан Изаири, министер за животна средина.

На прашањето зошто и покрај затворањето на „Макстил“, воздухот во Скопје и натаму е загаден, министерот за животна средина, Нурхан Изаири, одговори дека Министерството е надлежно за големите загадувачи, а тие во Скопје се затворени. Тој истакна дека Министерството дало насоки за локалните власти кои треба да преземат ургентни мерки, а според него и граѓаните треба самите да се погрижат за почист воздух.

Mинистерот за животна средина, Нурхан Изаири. загадување, воздух.
Mинистерот за животна средина, Нурхан Изаири. загадување, воздух.

„Таа информација не зависи од нас, таа зависи од сите нас како ние ќе се однесуваме со тој воздух. Како ние ќе се однесуваме со тие препораки што ние ги даваме. Дали вие во овој ден ќе возите сите свои коли или колите ќе ги оставите дома. Тоа зависи од вас. Дали вие сите четири членови во семејството, ќе возите сите со вашите коли и тоа без Еуро стандарди ќе се возите низ градот, тоа зависи од вас, не од нашето министерството. Ако тие коли ги оставите дома ќе имаме помалку загадување на воздухот. Сега понатаму тие препораки што ќе ги даваат Градот Скопје и градот Тетово, ќе зависат од тоа вие како ќе се однесувате.“

Се уште имаме проблеми со „Југохром“, бидејќи со движењето на ветровите неговото загадување се носи кон скопската котлина. Дополнително тука е и сообраќајот, каде што ништо не се превзема во тој поглед и ситуацијата само се влошува. Веќе е почната и грејната сезона што исто така е сериозен проблем.
Никола Нешкоски, невладина организација Еко Логик.

Скопје не е единствениот град каде мерните станици покажуваат надминување на дозволените концентрации. Состојбата е загрижувачка во Тетово, Кичево, Битола и во други делови од земјата каде живее голем дел од популацијата.

Освен „Макстил“, со исполнувањето на еколошките обврски доцнат и „Југохром“ од Тетово, Рударско енергетскиот комбинат во Битола и уште четириесет индустриски загадувачи, кои се само еден аспект на проблемот. Сообраќајот, урбанизацијата, домаќинствата и депониите се останатите области на кои треба многу да се работи. Никола Нешкоски од невладината Еко Логик вели дека штетните материи од „Југохром“ можно е да стигнуваат и до скопската котлина.

„Се уште имаме проблеми со „Југохром“, бидејќи со движењето на ветровите неговото загадување се носи кон скопската котлина. Дополнително тука е и сообраќајот, каде што ништо не се превзема во тој поглед и ситуацијата само се влошува. Веќе е почната и грејната сезона што исто така е сериозен проблем и тие се главните загадувања во кои лежи проблемот.

Јавноста подолго време е загрижена за проблемот, но властите се немоќни да го решат. Потребата од итна, сериозна и ефикасна стратегија за намалување на аерозагадувањето најдобро ја покажуваат податоците од здравството. Клиниките се преполни, бидејќи за отровните материи кои се помешани со воздухот научно е докажано дека го зголемуваат бројот на канцерогени заболувања, на болестите на дишните патишта, срцето и други.

  • 16x9 Image

    Владимир Калински

    По завршувањето на студиите по новинарство започна да работи во А2 телевизија каде што известуваше за политички, економски и социјални теми. Потоа беше ангажиран во македонската редакција на Радио Дојче Веле во Бон. Во последниве неколку години работи во Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG