Достапни линкови

ОН: Можен целосен конфликт во источна Украина


Опасност од нови судири во Украина
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:49 0:00

Опасност од нови судири во Украина

Советот за безбедност на Обединетите нации одржа итна седница посветена на кризата во Украина. И на неа, како и на претходните 26 досега, Советот не донесе никаква одлука и покрај предупредувањата дека е можно во источниот дел на Украина да дојде до целосен конфликт.

Помошникот на генералниот секретар на Обединетите нации за политички прашања, Јенс Андерс Тојбер Френдзен, на седницата на Советот за безбедност изјави дека Светската организација е длабоко загрижена за можноста од повторен целосен конфликт во источна Украина.

Она што најмногу ме загрижува е тоа што имаме ситуација во која сегашната граница меѓу Русија и Украина е целосно порозна и отворена за сили, оружје, опрема.
генерал Филип Бридлав, главен командант на НАТО во Европа.

Тој додаде дека Украина може да се соочи со неколкумесечен конфликт кој би бил катастрофален, или, пак, со ситуација на замрзнат конфликт кој би траел со години и децении.

Претходно Русија ги отфрли обвинувањата од главниот командант на НАТО во Европа американскиот генерал Филип Бридлав дека повеќе конвои со руски тенкови, артилерија и противоздушни единици ја минале границата од Русија во украинска територија која е под контрола на проруските сепаратисти.

Трупањето сили не придонесува за подобрување на ситуацијата. Време е конечно да го решиме проблемот на политички начин.
Франк Валтер Штајнмаер, шефона германската дипломатија.

„Она што најмногу ме загрижува е тоа што имаме ситуација во која сегашната граница меѓу Русија и Украина е целосно порозна и отворена за сили, оружје, опрема“, изјави генерал Бридлав.

Москва тврди дека не постојат никакви докази оти руски вооружени сили се наоѓале во источна Украина.

Рускиот претставник во Советот за безбедност оцени дека бурата меѓународни критики против Кремљ била уште една, како што рече, пропаганда со нов сјај.

Итната седница на Советот беше свикана по барање од Вашингтон, но на неа не беше предложена резолуција против Русија која има право на вето.

Американската амбасадорка во Њујорк, Саманта Пауер, изјави дека Русија зборува за мир, но ја подгрева војната во источна Украина.

Во меѓувреме, меѓународните посматрачи потврдија дека виделе неозначени воени сили на позициите на проруските сепаратисти што е јасно кршење на примирјето постигнато во Минск на 5 септември.

Генералниот секретар на ОБСЕ, Ламберто Заниер, изјави дека снимка направена од беспилотно летало на оваа орагнизација покажува дека во источна Украина имало зголемување на бројот на војници без ознаки на униформите.

Шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмаер во Берлин изјави дека имало сигнали оти проруските сепаратисти се подготвувале за големи борби со украинските владини сили.

„Трупањето сили не придонесува за подобрување на ситуацијата. Време е конечно да го решиме проблемот на политички начин“, рече тој.

Претходно американскиот државен секретар Џон Кери и рускиот министер за надворшени работи Сергеј Лавров телефонски разговарале за ситуацијата во Укрина.

Според Москва, Лавров ја нагласил неопходноста од директен дијалог меѓу Киев и Доњецк и Луганск за изборите што таму ги одржаа бунтовниците.

Ова, според посматрачите, уште еднаш покажа дека Русија ги поддржува изборите што се одржаа на 2 ноември, а кои Киев, Соединетите Држави и Европската унија ги оценија како нелегални.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG