Достапни линкови

Локалните медиуми поотворени за ЛГБТ заедницата, отколку националните


Телевизиите, радијата и интернет страниците во градовите низ внатрешноста на Македонија овозможиле да се чујат аргументите на Коалцијата Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници кои сметаат дека бракот нема потреба да се дефинира со Устав, бидејќи веќе го има определено во законите.

Невладините организации и граѓанскиот сектор наидуваат на затворени врати на националните медиуми, пред сè на телевизиите, во нивните обиди да се наметне дебата околу иницијативата на власта за уставни измени со цел дефинирање на бракот и вонбрачните заедници во Уставот.

Локалните медиуми за разлика од нациналните се поотворени и поприемчиви. Мислам дека имаат полабава и послободна уредувачка политика, а и притисоците не се како во националните телевизии.
Ирена Цветковиќ, Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“.

Согледувајќи ја таа ситуација, од Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ се обидуваат своите ставови да ги пренесат преку локалните медиуми, вели Ирена Цветковиќ.

„Локалните медиуми за разлика од нациналните се поотворени и поприемчиви. Мислам дека имаат полабава и послободна уредувачка политика, а и притисоците не се како во националните телевизии. Сме биле во целовечерни емииси кои траат по час и половина, како и со изјави за вести“, потенцира Цветковиќ.

Ирена Цветковиќ.
Ирена Цветковиќ.

Коалицијата која ги застапува интересите на ЛГБТ заедницата вели дека таа група на граѓани не бараат воспоставување на некои нови права. Бараат да не се воведуваат уставните измени, бидејќи највисокиот правен акт така ќе биде дискриминаторен во однос на тоа кој може да стапи во брак или друг вид животна заедница.

После многу напади во Битола и Тетово, оштетување на ЛГБТ центарот во Скопје, случаите не се решени, но Владата најде време за уставни измени.
Беким Асани, ЛГБТ Јунајтед.

„Нема потреба во уставот да се се дефинираат вакви работи кои веќе постојат во националното законодавство. Република Македонија ќе биде единствена европска држава во која со Устав се дефинира не само бракот, туку вонбрачната заедница, регистрираните партерства или друг облик на животна заедница. Дел од нив постајат во националнато законодавсто, а дел не постојат“, објаснува Ирена Цветковиќ.

Беким Асани од тетовското здружение ЛГБТ Јунајтед смета дека со овие уставни измени ќе се продлабочи јазот меѓу ЛГБТ заедницата и останатите општестевни групи.

„После многу напади во Битола и Тетово, оштетување на ЛГБТ центарот во Скопје, случаите не се решени, но Владата најде време за уставни измени кои навлегуваат во приватноста на сите, а посебно на ЛГБТ заедницата“, вели Асани.

Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ при учеството на јавната расправата за уставните измени во собраниска комисија побара да се повлече спорниот амандман 33.

XS
SM
MD
LG