Достапни линкови

ДУИ со плус отчет за 100 дена Влада


По отчетот на Владата, ДУИ на посебна прес конференција се пофали само со партиските достигнувања во извршната власт, нотирајќи ги реализираните проектите за Албанците.

Откако во саботата за 100-те дена работа, отчет даде Владата, денес раководството на Демократата унија за интергација на посебна прес конфренција ги истакна само партиските достигнувања во извршната власт. Иако споменаа дека заедно со владините партнери создале програма на работа, од ДУИ ги потенцира реализираните проекти кои се содржани во нивната платформа.

По формирањето на Владата, заедно со парнерите пристапивме кон спроведување на програмата која се состои од две изборни платформи. Во оваа програма значајно место опфаќаат албанските проекти изготвени од ДУИ, а за која сме побарале поддршка од електоратот.
Муса Џафери, ДУИ.

Муса Џафери, вицепремиер во Владата, од редовите на ДУИ кој ги презентираше реализираните проекти зборуваше само за оние достигнувања кои ДУИ како партија ги успеала да ги направи во општини каде претежно живеат Албанци. Според него, евро-атлантските интеграции биле приоритет, а детално образложи за реализираните проекти во економскиот развој, патната инфраструктура, образованието, културата и животната средина.

„По формирањето на Владата, заедно со парнерите пристапивме кон спроведување на програмата која се состои од две изборни платформи. Во оваа програма значајно место опфаќаат албанските проекти изготвени од ДУИ, а за која сме побарале поддршка од електоратот. Освен реализираните проекти, предвидени се и нови со кои ќе се создадат услови за забрзан екононски раст и зголемена конкуретност на економијата“, истакна Муса Џафери.

Оваа голема доверба на граѓаните исто така е патоказ за нас, затоа што веруваат во нас и бараат да ја внесеме земјата во НАТО И ЕУ што поскоро.
Али Ахмети, ДУИ.

И партискиот лидер Али Ахмети, за работата на Владата зборуваше од аспект на учеството на Албанците. Тој потенцираше дека сегашното Собрание и Влада имаат најмногу пратеници и министри кои доаѓаат само од една партија на Албанците.

„Оваа голема доверба на граѓаните исто така е патоказ за нас, затоа што веруваат во нас и бараат да ја внесеме земјата во НАТО И ЕУ што поскоро. Ние сме убедени дека сме многу блиску до решение во спорот со името, но имаме потреба од директни преговори со меѓународно посредништво, по што проблемот ќе се надмине. Се надевам на повторување на препораката за Комисијата на ЕУ за добивање на датум за преговори на 8 октомври“, истакна Али Ахмети.

Новинарите на прес конфренцијата имаа можност само да ги чујат говорите на двајцата партиски претставници, а прашања не можеа да постават. По завршување на читањето на говорите, Ахмети и Џафери заедно со министрите и пратениците си заминаа од просторијата во партиското седиште во тетовска Мала Речица.

XS
SM
MD
LG