Достапни линкови

Затворена расправата за уставните измени


Во отсуство на опозицијата и главно со позитивни реакции заврши 30 дневната јавна расправа за уставните измени. Последна јавната расправа се одржа денеска во Собранието, организирана од собраниската Уставна комисија на која беа повикани претставници на институции и органи на кои се однесуваат измените, од правните факултети, НВО секторот, пратеници...

Во отсуство на опозицијата и главно со позитивни реакции заврши 30 дневната јавна расправа за уставните измени. Овие измени ќе бидат испратени до меѓународните институции кои до 10-ти октомври треба да го дадат своето мислење, а тогаш се очекуваат и завршните препораки од Венцијанската комисија.

Уставните измени доаѓаат во еден добар политички период, период во којшто се завршени парламентарните избори, и во кој имаме една стабилна полиција која може да презема и посмели и позначајни чекори, како што се промените на Уставот.
Александар Николовски, ВМРО-ДПМНЕ.

Иако во јавноста имаше критики дека е спорно да се менува Уставот кога опозицијата не е во Парламентот и кога нема поширок консензус, претставници на владечкото мнозинство сметатаат дека условите во кои се носат уставните измени се соодветни.

„Уставните измени доаѓаат во еден добар политички период, период во којшто се завршени парламентарните избори, и во кој имаме една стабилна полиција која може да презема и посмели и позначајни чекори, како што се промените на Уставот“, рече Александар Николовски од ВМРО ДПМНЕ.

Дали граѓански или општествен консензус се можеби неколку луѓе кои се платени во име на некои странски интереси, значи таа опасна работа којашто сака да се протне е замена на прашањето на општествен консензус со граѓански консензус.
Тања Каракамишева, универзитетски професор.

Измените на Уставот се однесуваат на семејното право, правосудството и фанансиското право. Во составот на судскиот совет се менува бројот на членовте судии, во семејното право се дефинира бракот со цел да се заштити традиционалното семејство, а во финансиското право се менува името на Народната Банка во Банка на Македонија и се дефинираат меѓународни финансиски зони. Претствници од Уставниот суд сметаат дека уставните измени поврзани со судовите со добри, но некои од нив имаат и одредени забелешки.

„Во ставот кадешто започнува натанувањето на исклучителни ситуации, го утврдува собранието на Република Македонија, со двотретинско мнозинство, треба да се додаде „гласови од вкупниот број на пратеници, бидејќи не е докрај прецизен“, рече судијата Јован Јосифовски.

Имаме парламент кој дејствува без опозиција, тој правно може да ги донесе одлуките, меѓутоа легитимно секогаш ќе биде осопрувано, дотолку повеќе што се работи за Устав.
Осман Кадриу, универзитетски професор.

Во делот на економијата, Гувернерот на НБРМ Димитар Богов смета дека е добро што се менува името на НБРМ и оти на тој начин се сообврзаме со промените што се прават и во други земји.

Во врска со критиките во јавноста дека за измените на Уставот не постои поширок општествен консензус, професор Тања Каракамишева од Правниот Факултет во Скопје не штетедеше зборови на критики. Утопија е дека сите политиќки партии ќе застанат зад сите амандмани, рече Каракамишева.

„Дали граѓански или општествен консензус се можеби неколку луѓе кои се платени во име на некои странски интереси, значи таа опасна работа којашто сака да се протне е замена на прашањето на општествен консензус со граѓански консензус“, вели Каракамишева.

Опозицијата прави опасен политички спин и нивните реакции не се во функција на подобрување на уставната рамка, туку за дестабилизација на политичко правниот систем, рече таа.

Според професор Осман Кадриу уставните измени се потребни, но за него е дискутабилен моментот кога се предложија овие измени.

„Имаме парламент кој дејствува без опозиција, тој правно може да ги донесе одлуките, меѓутоа легитимно секогаш ќе биде осопрувано, дотолку повеќе што се работи за Устав“, вели Кадриу.

За седумте уставни измени што овие 30 дена беа презентирани во јавноста, забелешки имаше и Венцијанската комисија, а во јавноста најмногу полемики имаше за измените во економскиот дел и за дефинирањето на бракот.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG