Достапни линкови

Босна како руско решение за Украина


Полупропадната држава со поларизирана политика? Ваквото босанско решение ѝ изгледа добро на Москва кога станува збор за иднината на Украина, велат некои аналитичари.

Дали рускиот претседател Владимир Путин во Украина ја гледа Босна? Балканската земја која има трипартитно претседателство што го рефлектира етничкиот баланс, останува мирна скоро две децении, односно од 1995 година кога со Дејтонскиот договор беше ставен крај на тригодишната војна.

Но, Босна исто така останува да биде држава во постојана криза, каде што ниту една страна не е способна да се издигне над етничките основи.

И додека нејзините соседи им се приклучија или прават чекори да им се приклучат на Европската унија и НАТО, Босна е спречена од нејзината повоена федерална структура.

Ваквиот резултат, според руските аналитичари кои ги следат потезите на Кремљ, и одговора на Москва во врска со Украина.

„Идеално сценарио за Русија би било босанскиот модел, и за него многу пати се расправаше, односно дека истокот би требало да добие широка автономија со самостојна влада која само формално ќе биде дел од украинската полтичка и правна област. За Русија е најважна правната област бидејќи нејзина цел е да добие механизам за спречување на украинското членство во НАТО“, вели Феодор Лукјанов, уредник на московски весник „Русија во глобалните односи“.

Идеално сценарио за Русија би било босанскиот модел, и за него многу пати се расправаше, односно дека истокот би требало да добие широка автономија со самостојна влада која само формално ќе биде дел од украинската полтичка и правна област. За Русија е најважна правната област бидејќи нејзина цел е да добие механизам за спречување на украинското членство во НАТО.

Москва никогаш јавно не предложила Украина да стане лабава федерација меѓу источните региони каде што главно се зборува руски јазик и западните украински говорни подрачја.

Сепак, босанскиот модел би била своевидна алтернатива за двете решенија кои не ги прифаќа Москва, едното за поголема централизација на источните региони и второто за поделба на Украина. Ако Украина го следи босанскиот пример, проруските подрчја ќе имаат потесни врски со Москва отколку со Киев.

„Теоретски, територијалниот интегритет на Украина ќе биде зачуван, но статусот на источна Укрина ќе биде ист на оној на Република Српска во Босна“, вели Иван Крастев, од Центарот за либерални стратегии во Софија.

Украинските експерти велат дека Киев е свесен за руската заинтересираност Украина да биде уредена според босанскиот модел. Тоа, како што вели Олександр Сушко, се гледа и во последните изјави на претставници на проруските сепаратисти дека не инсистираат на независност.

За Иван Лозови, независен политички аналитичар од Киев пак, тешко дека босанското решение ќе биде остварливо со оглед на тоа што Украина, поради се поголемото руско воено присуство во земјата, почнала да ја губи вербата дека е можно решение на кризата преку преговори.

„Проблемот, крајната линија е во тоа што ни Украина не отстапува од суверенитет врз деловите во источна Украина.“

Вели Лозови кој смета дека рускиот претседател Путин и неговите заменици бараат многу повеќе од автономија за источните украински региони.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG