Достапни линкови

Ваши коментари - Евроинтеграции и спорот за името


Ставањето на проблемите „под тепих“, закочените евроинтеграции и спорот за името се најкоментираните теми на нашата веб страна.

Редовниот испраќач на коментари и пораки на нашата веб-страница, Пиле, си поставил личен рекорд откако ја прочитал нашата анализа под наслов „Нови проблеми за покривање на старите“. Инспириран од текстот, Пиле на долго и на широко, ги образложува своите познати тези зошто треба да се поведе иницијатива пред Уставниот суд за преиспитување на спроведените претседателски и вонредните парламентарни избори и на нивните резултати кои, според него, не ја искажувале вистинската определба на гласачите, поради големиот број неправилности и местенки.

Во Македонија немаме сериозни политичари и наместо умни политичари, откако станавме самостојна држава, земјава ни ја водат квазиполитичари кои земјата ја сметаат за своја лична сопственост.
Коментар од читател.

За Незабеган, анализата е одлична, а Бургија од Зрзе напишал дека „едно е јасно, во Македонија немаме сериозни политичари и наместо умни политичари, откако станавме самостојна држава, земјава ни ја водат квазиполитичари кои земјата ја сметаат за своја лична сопственост“.

Архивска фотографија.
Архивска фотографија.

На сите страни гледаме како корупцијата (судовите, медиумите...) ги руши темелите на државата,
Коментар од читател.

Ставовите на професорот Фрчкоски за решавање на проблемот со името, искажани во неделното интервју, повторно го инспирирале Пиле да испрати неколку коментари во кои ги повторува своите гледишта на проблемот и му забележува на професорот дека правел гафови кога предлагал во преговорите да се вклучи четврта страна и дека ако Македонија го прифатела веќе изградениот предлог „Горна Република Македонија“ ќе престанела да биде пион туку ќе станела, како што напишал, кралица со добивање покана за членство и ќе покажела проевропски прагматизам.

Пеонец од Скопје смета дека тоа што го кажува Фрчкоски изгледало логично, но некако деновиве, вели, проблемот со името како да стана спореден. „На сите страни гледаме како корупцијата (судовите, медиумите...) ги руши темелите на државата, власта е неспособна и себична, а ниту опозицијата е подготвена да изгради визија за спас на државата“.

Коментари има и по прилогот за скорешната посета на Нимиц. Потпишаниот со Командант Зоран им забележува на нашинците од дијаспората дека се позагрижени за името од граѓаните што живеат во Македонија, па пишува дека поради премногу гледање во историјата, сите нас на Балканов останатиот свет нè гледал како неандерталци случајно заталкани во 21 век. „Сè додека преовладува чувството за т.н. идентитет на македонскиот народ над личниот идентитет ќе имаме проблеми со самите себе, но и со останатиот свет!“, завршува Пеонец.

И Аспарух од Гетеборг и Моника од Австралија, инаку, се против менувањето на уставното име и препорачуваат СДСМ под итно да се усогласела со Владата за заедничката црвена линија.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG