Достапни линкови

ФИФА се уште без одлука за случајот Суарез


Како и да е, дисциплинарната комисија на ФИФА ќе ја донесе одлуката за евентуална казна за Суарез пред саботниот натпревар на Мундијалот меѓу Уругвај и Колумбија.

Дисциплинскатаа комисија на ФИФА денеска повторно ќе заседава во врска со случајот со напаѓачот на Уругвај Луис Суарез, кој е осомничен дека на натпреварот со Италија го гризнал одбрамбениот играч Кјелини. Не знаеме зошто досега нема никаква одлука, на комисијата и требало уште време, изјави претседателот на фудбалскиот сојуз на Уругвај, Вилмар Валдез. Како и да е, дисциплинската комисија на ФИФА ќе ја донесе одлуката за евентуална казна за Суарез пред саботниот натпревар на Мундијалот меѓу Уругвај и Колумбија.

Претходно, адвокатот на Суарез, Алехандро Балби, изјави во Рио Де Жанеиро дека доколку судијата на теренот донел некаква одлука за случајот, тогаш е тешко потоа да се пресудува во канцеларија.

XS
SM
MD
LG