Достапни линкови

Се чека на печалбарите да ја придвижат економијата


Тетово.
Тетово.

Тетовци со нетрпение ги очекуваат иселениците. Нивното доаѓање во летните месеци значи зголемување на обемот на работа и заработувачката.

Сопствениците на цвеќарници, бутици, фризерници и слични услужни и трговски објекти во Тетово деновиве со нетрпение ги очекуваат печалбарите. Нивното доаѓање во летните месеци значи зголемување на обемот на работа и заработувачката. И Вале Златев, сопственичка на цвеќарница во центарот на градот се подготвува за наредните три месеци. Набавува некои од материјалите за работа, бидејќи кога ќе дојдат печалбарите ќе биде фокусирана да одговори на зголемената побарувачка.
Четири години од кога ја имаме отворено нашата цвеќарница, во месеците јуни, јули и август, имаме најмногу работа бидејќи доаѓаат странците и имаат најголема побарувачка за нивните декорации за автомобили, ресторани, за секакви свечености.
Вале Златев, сопственичка на цвеќарница во Тетово.

„Четири години од кога ја имаме отворено нашата цвеќарница, во месеците јуни, јули и август, имаме најмногу работа бидејќи доаѓаат странците и имаат најголема побарувачка за нивните декорации за автомобили, ресторани, за секакви свечености“, вели Вале Златев, сопственичка на цвеќарница.

Ритамот на градот е поинаков кога се печалбарите во Тетово, тврди нашата соговорничка.
Вале Златев, сопственичка на цвеќарница во Тетово.
Вале Златев, сопственичка на цвеќарница во Тетово.

„Понекогаш се случува да го одложиме нашиот годишен одмор поради многу работа. Кога доаѓаат иселениците, не само што се забележува во нашата цвеќарница, каде имаме поголем промет, се забележува раздвиженоста во околните бутици, фризерски салони“, објаснува таа.
Летниот период е време на динамизам во градот Тетово, поради враќањето на печалбарите, кои освен што го заживуваат градот, имаат сериозен импакт во заживувањето на локалната економија.
Љуме Хусеини, портпаролка на општина Тетово.

И во Општина Тетово сметаат дека престојот на печалбарите во родниот крај е значаен момент за подобрување на локалната економија.

„Летниот период е време на динамизам во градот Тетово, поради враќањето на печалбарите, кои освен што го заживуваат градот, имаат сериозен импакт во заживувањето на локалната економија“, вели Љуме Хусеини, портпаролка на општина Тетово.

Освен во оваа, условно речено, сезонска прилика, општинарите прават обид да ги привлечат печалбарите да остават нешто повеќе пари и преку инвестирањето.

„Општина Тетово заедно со УСАИД и Стопанска комора на северозападна Македонија во тек на подготовка и имплементација на проект за воспоставување на канцеларија со дијаспората која ќе делува во рамки на целиот полошки регион, чија цел е да биде канцеларија која ја олеснува комуникацијата на дијаспората со домашните институции, нуди информации за можностите за инвестирање, со цел унапредување на локалната економија и отворањето нови работни места“, објаснува Хусеини.

Според податоците на банките, печалбарите и во останатите месеци од годината се активни со испраќање пари на своите блиски. Проценките се дека стотици илјади евра стануваат дел од економија во Македонија.
XS
SM
MD
LG