Достапни линкови

Екстерното оценување стрес за учениците


Има некои прашања кои не сме ги учеле на часови, значи има други лекции, а тие ни поставуваат други прашања. Многу е тешко, велат анкетираните ученици. Не знам зошто треба да продолжи, бидејќи се нанесуваат штети на учениците, добиваат послаби оценки, се намалува просекот, а немаме никаков бенефит од сето тоа, велат тие.

Денешното оценувањето на наставниците и учениците во основната деветолетка и средното образование освен стрес и дополнително оптоварување повторно не успеа да понуди вистински и јасен одговор за потребата од него. Дел од забелешките на учениците се однесуваат на тоа дека некои од прашањата од екстерното тестирање ги нема во учебниците, но и дека тестирањето исфлило на површина грешки во образовниот модел, кои во меѓувреме не биле корегирани.
Па поради прашањата, поради лекциите и тоа што наставничката не беше тогаш кога ги учевме прашањата, беше друг наставник, малку ми е страв. Има некои прашања кои не сме ги учеле на часови значи има други лекции а тие ни поставуваат други прашања. Многу е тешко.
Анкетиран ученик


„Па поради прашањата, поради лекциите и тоа што наставничката не беше тогаш кога ги учевме прашањата, беше друг наставник, малку ми е страв. Има некои прашања кои не сме ги учеле на часови значи има други лекции, а тие ни поставуваат други прашања. Многу е тешко“, велат некои од учениците кои ги анкетиравме.

Некои ученици нагласуваат дека екстерното оценување треба да се применува со цел да се види дали има потреба од корекции во образовната политика, но има и такви кои не сметаат дека е лошо на овој начин да се влијае врз оценувaњето на професорите.


„Нема никави промени иако лани имаше многу лоши резултати по предметот математика. Така што незнам зошто треба да продолжи бидејќи се нанесуваат штети на учениците, добиваат послаби оценки, се намалува просекот, а немаме никаков бенефит од сето тоа. Што знам пример ако наставничката ставила 4, а добиеме 5 на екстерно, може да се покаже дека знаеме повеќе или помалку“ , велат некои од учениците кои ги анкетиравме.

Прашањата за екстерното тестирање беа објавени пред речиси еден месец, а како што информираше министерот Ристовски, прифатени се и 3.461 забелешка и направена е соодветна корекција. Меѓутоа дел од наставниците остануваат на ставот дека екстерното оценување онака како што се имплементира кај нас е на штета и на учениците и на наставниците.
Тоа не е во ред, со еден текст не може да се вреднуваат знаењата кај децата.
Љатиф Исмали, професор во средно училиште во Тетово.


Темелните забелешки на експертската јавност за реформите се однесуваат на тоа дека со екстерното оценување државата се меша во независноста на образовниот систем и оти тоа е закана за кредибилитетот на професорите.

„Тоа не е во ред, со еден текст не може да се вреднуваат знаењата кај децата, вели Љатиф Исмали“, професор во средно училиште во Тетово.

Марија Мирчевска од Младинскиот образовен форум вели дека и натаму има недоследностите во самиот модел на оценување иако минатата година претрпе промени

„Надлежните образовни институции имаат одамна дефинирано дека сакаат да го воведат како реформа, но немаа јасна елаборација, каде е проблемот во образовната политика и како овој прблем ќе биде решен со механизмот на екстерното тестирање“, вели Мирчевска.

Со екстерното тестирање ќе бидат опфатени вкупно 189.037 ученици од четврто одделение во основно образование до трета година во средно образование, како и 18.126 наставници во 680 основни и средни училишта.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG