Достапни линкови

Кому му одговараат тензиите во Ѓорче Петров?


Убиството и нередедите во Ѓорче Петров ги фрлија во сенка вестите за новите владини задолжувања, за криминал и корупција, за непринципиелните коалиции, велат аналитичарите. Политичките партии, пак, прво молчеа, па се огласија и се обвинија меѓу себе. МВР е друга приказна. Прво портпаролот рече дека немало сериозни инциденти, а потоа вчера објавија нивни снимки и податоци за повредени лица и уништен имот.

По молкот од политичките партии за случувањата во Ѓорче Петров и прозивките да се изјаснат, тие станаа гласни но најмногу во обвинувањата едни кон други. СДСМ оцени дека проблемите биле резултат на нефункционирањето на институциите на власта на Никола Груевски што ги затворала очите пред проблемите и калкулирала со нив. ВМРО-ДПМНЕ, пак, ја обвини најголемата опозициска партија дека ги злоупотребувала настаните и се обидувале да исценираат и инспирираат насилство меѓу граѓаните.
Нема некој здрав граѓанин на Македонија што може да каже дека ќе има бенефит. Затоа мислам и дека политичките партии немаат бенефит од ваквата криза бидејќи може да биде вовед во уште подраматични и полоши сценарија.
Жидас Даскаловски, универзитетски професор.


Оценката на професорот Жидас Даскаловски е дека самите протести не се поттикнати од некоја партиска структура туку дека се автохтони. Според него, тие се последица на небезбедноста која ја чувствувале граѓаните. Тој е категоричен дека на никому во земјава ваквата ситуација не му оди во полза.

„Нема некој здрав граѓанин на Македонија што може да каже дека ќе има бенефит. Затоа мислам и дека политичките партии немаат бенефит од ваквата криза, бидејќи може да биде вовед во уште подраматични и полоши сценарија“, оценува Даскаловски.

Аналитичарот Арсим Зеколи, пак, смета дека ако се земе искуството од минатите инциденти што се случувале во последниве петнаесетина години сите политички фактори имале искуство во како што вели инсинуирањето инциденти, директно или преку посредници.


„Но, притоа мора да кажам дека не станува збор само за партиски субјекти, туку и групации и интересни групи што сакаат да се наметнат во јавноста или врз одредени политички партии или врз медиуми и ја користат секоја можна прилика за да се пробијат на сцена“, смета Зеколи.
Но притоа мора да кажам дека не станува збор само за партиски субјекти туку и групации и интересни групи што сакаат да се наметнат во јавноста или врз одредени политички партии или врз медиуми и ја користат секоја можна прилика за да се пробијат на сцена.
Арсим Зеколи, аналитичар


Но, без разлика на меѓусебни партиски напаѓања за тоа кој не сторил нешто, а можел, едно е сигурно. Високо политичките вести, кроењето на владината коалиција, економските услови во земјава, обвинувањата на опозицијата, внатрепартиските несогласувања кои до понеделникот беа први и главни вести, паднаа во втор план.

„Помалите вести објавени на петта или шеста страна во печатот за нови задолжувања неприципиелни коалиции, за ефектите на овие избори, за пораките на меѓународната заедница, за критиките кои се упатуваат и тој владиниот дел на вината и сомнежот што мора да го понесат врз сопствени плеќи. Но и од другата страна ако погледнеме секако може да најдеме дека има место или желба за користење на оваа тензија што постои веќе подолго време“, вели Зеколи.

Инаку, иако портпаролот на МВР вечерта при завршувањето на протестите рече дека протестите поминале без посериозни инциденти и поголеми нарушувања на јавниот ред и мир, вчера соопшти дека биле приведени четириесетина лица, девет полицајци биле повредени, а оштетени биле и осум службени возила.
  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG