Достапни линкови

Дискриминираните бавно стигаат до правдата


Од Мрежата за заштита од дискриминација велат дека Комисијата за заштита од дискриминација не постапува исто за слични случаи, Јавното обвинителство речиси и не реагира на барањата за поведувања постапки, а судовите се бавни во одлучувањето.

Комисијата за заштита од дискриминација не постапува исто за слични случаи, Јавното обвинителство речиси и не реагира на барањата за поведувања постапки, а судовите се бавни во одлучувањето.

Накратко, ова се забелешките на Мрежата за заштита од дискриминација, чија цел е да ги застапува дискриминарите пред институциите. Во извештајот за тригодишното работење, членките на мрежата наведуваат дека до комисијата поднеле 24 преставки од кои 12 се уште се без никаков исход.
Не се работи само за непостапување по поднесените преставки. Сметам дека државата целосно ја има пропуштено и онаа компонента на промовирање на концептот на недискриминација.


Игор Јадровски од асоцијацијата ХЕРА смета дека Комисијата формирана во 2010 година се уште не е промовирана на нивото на кое треба да биде.

„Не се работи само за непостапување по поднесените преставки. Сметам дека државата целосно ја има пропуштено и онаа компонента на промовирање на концептот на недискриминација“, вели Јадровски.

Од Мрежата тврдат и дека Комисијата често ги надминува законските три месеци за одлучувања, а рокот го пролонгира дури до една година. Во однос на селективноста се истакнува случајот во кој телото позитивно одговора на претставката дека постои вознемирување по основа на сексуална ориентација во учебник по педагогија, а за сличен случај во учебник по Криминалистичка психологија се утврдува дека не постои дискриминација.
Комисија за антидискриминација
Комисија за антидискриминација


Наташа Бошкова од Коалицијата за сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници, вели дека иако најмногу претставки се поднесени токму за вознемирување поради сексуална оринтација, комисијата најмалку постапува за ваков тип случаи.
Од страна на Јавното обвинителство се уште нема определена свесност за тоа колку се важни случаите на дискриминација.


„Од друга страна во својот извештај комисијата констатира дека оваа група е една од најдискриминираните што е малку лицемерно да зборуваме дека комисијата од која што се очекува заштита на терен не го дава својот одговор за заштита од дискриминација за врз основа на сексуална ориентација“, објаснува Бошкова.

Членките на Мрежата повеле иницијативи и пред Уставниот суд кои биле одбиени. И кривични пријави што ги поднеле до Основното јавно обвинителство за неколку случаи не резултирале со постапка.

„Од страна на Јавното обвинителство се уште нема определена свесност за тоа колку се важни случаите на дискриминација и колку е потребно поведување на кривични постапки со цел да се даде знак дека државата е спемна да ги штити сите луѓе без разлика на нивната припадност кон определена група, заедница или нивните лични карактеристики“, вели Неда Чаловска од Хелсиншки комитет.

Инаку Мрежата за заштита од дискриминација во која членуваат седум невладини организации препорачува да се подобри ефикасноста на комисијата, да работи доследно и да не дозволи медиумите кои постојано емитувале хомофобични содржини да останат неказнети.
  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG