Достапни линкови

Кривичната пријава против Груевски се анализира


Прес-конференција на Јавниот обвинител Марко Зврлевски во Скопје.
Прес-конференција на Јавниот обвинител Марко Зврлевски во Скопје.

Јавното обвинителство ја анализира кривичната пријава што СДСМ ја поднесе против премиерот Никола Груевски за случајот Македонска банка. Група новинари и интелектуалци поднесоа кривична и против Миленко Неделковски.

Кривичната пријава која ја поднесе СДСМ против премиерот Никола Груевски во врска со случајот Македонска банка се анализира, рече државниот јавен обвинител Марко Зврлевски на денешната прес-конференција. Пријавата е за противзаконско посредување, примање поткуп и затајување данок, а како доказен материјал доставена е и аудио снимката што неодамна ја обелодени СДСМ.
Кривичната пријава е земена во анализа и во редовна работа како и сите други кривични пријави. Ќе бидат анализирани сите околности во врска со тој кривично правен настан и за чекорите што понатаму ќе бидат преземени ќе бидете благовремено известени.
Марко Зврлевски, државен јавен обвинител.

„По однос на кривичната пријава која е доставена при крајот на минатата недела до Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција, иако, како што велите дека ви ветив, таа е примена некаде четвртокот или петокот минатата недела и е дадена на работа на јавен обвинител согласно редовниот распоред. Кривичната пријава е земена во анализа и во редовна работа како и сите други кривични пријави. Ќе бидат анализирани сите околности во врска со тој кривично правен настан и за чекорите што понатаму ќе бидат преземени ќе бидете благовремено известени“, вели тој.

Зврлевски на прашањето дали обвинителството ќе бара вештачење на телефонските разговори кои ги доставило СДСМ со кривичната пријава порача дека во овој момент не можам да коментира.
Ве уверувам дека ќе постапиме стручно, професионално и непристрасно.
Марко Зврлевски, државен јавен обвинител.

„Согласно Законот за јавно обвинителство, јавниот обвинител кој постапува по предметот целосно одлучува самиот кои дејствија и како ќе ги преземе, дали ќе одлучи или не, јас во овој момент не можам да коментирам“, вели Зврлевски.

На прашањето колкав е степенот на сомневање во случајот со Македонска банка тој одговори само дека мора да постапат по кривична пријава, како и по сите други.

Зврлевски притоа ја прими и кривичната пријава на новинарите, универзитетски професори и граѓански активисти кои се најдоа на таканаречената листа на грчки платеници, која објави новинарот Миленко Неделковски.

„Интересен начин на поднесување на кривична пријава. Јавното обвинителство на Република Македонија, кое во овој момент го презентираше отворањето на одделението за односи со јавност, може и на ваков начин да прими кривична пријава. Ова ќе го третираме како примена кривична пријава и ќе ѝ дадеме соодветен третман како и на секоја кривична пријава. Ќе ја доставиме до надлежното јавно обвинителство кое постапува по сите кривични пријави согласно стварната и месната надлежност и ве уверувам дека ќе постапиме стручно, професионално и непристрасно“, вели тој.

На Зврлевски му беше врачен и текстот на Неделковски во кој го повикува обвинителството да преземе мерки за да ја заштити државата од тие луѓе. Според покренувачите на пријавата, во него тој повикува на линч и насилство врз јавни личности и нивни семејства.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG