Достапни линкови

Чуму пирова победа?


Кочо Андоновски, програмски директор на ЛГБТИ Центар за поддршка.
Кочо Андоновски, програмски директор на ЛГБТИ Центар за поддршка.

Што ако навистина државните институции не постапат по овој случај на реален сомнеж за криминал, затајување на данок и измама на акционерите околу вредноста и продажбата на нивните акции? Ќе можеме ли да кажеме дека имаме држава воопшто? А и да кажеме дека имаме, кој ќе ни поверува?, пишува програмскиот директор на ЛГБТИ Центар за поддршка, Кочо Андоновски во колумна за Радио Слободна Европа.

Деновиве ја следам целата ситуа(к)ција со затајувањето на данок и измамата на акционерите во Македонска Банка, и можам да забележам дека ситуацијата ја има, ама акцијата на државните институции како да ја нема. Иако, слушајќи ја снимката, со предвид кон искуство со монтажа на видео и аудио во над стотина видео спотови и документарни филмови, сомничаво ја прифаќам веројатноста за монтажа на ваквата снимка и разговор, и понатаму, не сакам да прејудицирам. Но сакам државните институции да направат доследна истрага, соодветно да реагираат и со тоа да го констатираат своето постоење и својата функција во организираниот политички систем – државата.
Во неврзан муабет со еден член на владеачката партија, после вообичаените анатеми за „конструкцијата“, „монтираната“ аудио снимка, пропаста на Европа, светската војна и конспирација, членот на владеачката партија ми кажа нешто што ме замисли: „Сеедно, пак ќе победиме!“

Во тој правец, сакам да знам дека постои држава и дека ДРЖАВАТА ПРЕД СÈ е институционално подготвена да испита и третира потенцијален криминал. Или едните затаиле данок и измамиле акционери или другите клеветат. Во неврзан муабет со еден член на владеачката партија, после вообичаените анатеми за „конструкцијата“, „монтираната“ аудио снимка, пропаста на Европа, светската војна и конспирација, членот на владеачката партија ми кажа нешто што ме замисли: „Сеедно, пак ќе победиме!“

Овој исказ ми овозможи да се апстрахирам од сè околу изборите и победата на која било политичка партија. Ме натера да размислувам за тоа што ако навистина државните институции не постапат по овој случај на реален сомнеж за криминал, затајување на данок и измама на акционерите околу вредноста и продажбата на нивните акции? Како понатаму ќе продолжи да функционира „државата“? Дали некој воопшто ќе чувствува дека живее во државата како највисока политичка институција? Кој човек, граѓанин, ќе може да верува (со она малку верба која останала) и да се потпре на институциите, механизмите кои треба да го заштитат? Кој бизнисмен ќе може да се потпре на владеењето на правото, како основен предуслов за остварување и развивање на својот бизнис? Кој државник од надвор ќе може да си дозволи да дојде и да разговара или преговара за што било и со кои институции и претставници на институции? Од каде ќе се црпи легитимитет? Ќе можеме ли да кажеме дека имаме држава воопшто? А и да кажеме дека имаме, кој ќе ни поверува?
Вреди ли да живееш во држава, која тоа веќе не е? Ниту кон надвор, ниту кон внатре. Приватен посед. Закрепостен слуга.

Почнав да размислувам малку и за себе. Кој после ова ќе може да ми гарантира дека никој нема во наредниот период да си дозволи да ми ги избрише давачките кои сум ги давал за здравствено или за пензиско осигурување и да останам без тоа; дека ќе има механизам на системот кој ќе може да ме заштити? Ако ова со затајувањето на данок и измама на акционерите може да помине, зошто и тоа не би поминало? А јас, сега на 41 година, откако (што би се рекло) „сум го дал ТОА тука“, немам веќе каде. Немам алтернативен пасош, ниту алтернативна држава.

Ова ме враќа на разговорот од почетокот. Што толку му значи на овој партиски член - незнаен, незначаен, за кој сигурен сум дека нема никаква „добивка“ од милионите во аферите - да „победат“ на избори, по цена да се изгуби државата? Дали ја помешал државата со фудбалски клуб и мисли дека изборите се фудбалски натпревар?

Вреди ли да живееш во држава, која тоа веќе не е? Ниту кон надвор, ниту кон внатре. Приватен посед. Закрепостен слуга. Разјадување и рушење на државата од внатре. Чуму таква пирова победа? Кому одговара да ја снема државата?
XS
SM
MD
LG