Достапни линкови

„ЗОДИЈАК“ – деценија и половина со универзалниот јазик на танцот


На 29 април – Светскиот ден на танцот, прилепското студио „Зодијак“, со голем концерт во НУ Центар за култура „Марко Цепенков“, ќе го одбележи и својот значаен јубилеј – деценија и половина од постоењето и едукација на млади кои своето креативно себеисполнување го нашле во оваа уметност.

Културата обединува повеќе од било кој дискурс. Затоа бидете храбри и ризикувајте и покрај препреките и омразата со кои несомнено ќе се соочите. Убавината на светот секојпат ќе биде на ваша страна. Како што танцот беше за мене. Со својата посебна сила танцот ги елиминира социјалните и етничките разлики, сведувајќи не само на движењето на нашите тела во нивната едноставна природа на човечки битија кои се враќаат кон чистиот и единствен израз, заеднички за сите.
„Кога танцуваме душата се ослободува. Кога танцуваме нема лага. Нема криење. Преку танцот постепено паѓаат сите цигли на нашите ѕидови. Се отвора нов свет. Танцот му дава на животот поинаква димензија.
Иванка Коцевска, балерина.


Ова, меѓу другото, во својата порака по повод 29 април - Меѓународниот ден на танцот, ќе го запише францускиот кореограф Мурад Мерзуки.
Нашата балерина Ивана Коцевска, автор на македонската порака, од своја страна ќе забележи дека Танцот за неа е говорот на душата.
Кире Миладиновски.
Кире Миладиновски.

„Кога танцуваме душата се ослободува. Кога танцуваме нема лага. Нема криење. Преку танцот постепено паѓаат сите цигли на нашите ѕидови. Се отвора нов свет. Танцот му дава на животот поинаква димензија“, пишува Коцевска.
Не беше многу лесно да се научат граѓаните да присуствуваат на нашите перформанси, воопшто како публика да гледаат што е современ танц или нешто поразлично од тоа што дотогаш го виделе бидејќи кај нас, сепак, е во зачеток современата танцова сцена.
Кире Миладиновски, „Зодијак“.

А, токму на овој ден – кога светот ги слави и чествува магијата и моќта на танцот, прилепското студио „Зодијак“, во НУ Центар за култура „Марко Цепенков“, со почеток во 20 часот, со голем концерт ќе ја одбележи 15-годишнината од своето постоење и делување на македонската уметничка сцена. Ќе се претстават сите 100 танчери, а програмата се состои од кореографии од класичниот балет, современиот танц, хип-хопот...а публиката ќе има можност да проследи и наградувани творби на фестивалите во земјава и во странство.
Дел од перформанс на Зодијак.
Дел од перформанс на Зодијак.

„Не беше многу лесно да се научат граѓаните да присуствуваат на нашите перформанси, воопшто како публика да гледаат што е современ танц или нешто поразлично од тоа што дотогаш го виделе бидејќи кај нас, сепак, е во зачеток современата танцова сцена. Од тука сметам дека сите напори што ги правевме беа насочени кон анимирање и едуцирање на самата публика преку организирани семинари и работилници кои што беа од отворен тип за да можат заинтересираните да присуствуваат на нив, а интересот несомнено од година во година беше се поголем и поголем“, вели Кире Миладиновски, кореограф и еден од иницијаторите за формирање на танц студиото „Зодијак“.

Тој дополнува дека во изминатата деценија и половина едукативните курсеви ги посетувале над 560 практиканти и дека тие трпеливо, работејќи како една од секциите на Домот на културата, успеале да создадат не само свој препонатлив стил и вокабулар на движење, туку и да бидат барани и со успех да настапуваат на танцовите фестивали во земјава и во странство.
Инаку, најавениот концерт не е и единствената манифестација со која ќе биде одбележан јубилејот на сега веќе Едукативниот центар и порталот за современи изведувачки уметности. По него, некаде во текот на мај, ќе следува репризата на танцовиот перформанс „Ротонда“, работен во соработка со ликовниот уметник Тони Чатлески, кого по битолската и прилепската, ќе го види и публиката во Кавадарци.

„После тоа следуваат Прилепско културно лето и проектот „Од ништо до херојство“ кој е финансиран од Министерството за култура. Станува збор за современ танцов перформанс чија праизведба мора да биде некаде до крајот ноември годинава и со него секако планираме и претставувања надвор од нашата држава.“

Инаку, Кире Миладиновски, како уметник и кореограф, сопствениот творечки ракопис неодамна го претстави во проектот „Трансферату“ на Софија Ристевска кој со успех се прикажува во битолскиот „Интимен театар“, а наскоро ќе ја започне работата врз сценските движења за претставата „Адам и Ева“, што на текст на Мирослав Крлежа, на сцената на Прилепскиот театар есенва ќе ја постави хрватската режисерка Ања Максиќ Јапунџиќ.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG