Достапни линкови

ВО ЖИВО: Претседателски и парламентарни избори

Се што се случува на вториот круг претседателски и предвремените парламентарни избори - гласањето, евентуалните нерегуларности, реакциите и првичните резултати.

09:39 27.4.2014
Во Република Македонија денеска се одржува вториот круг од петтите претседателски избори и осмите парламентарни избори.

На 3.480 избирачки места во земјата право на глас имаат околу милион и 780 илјади избирачи. Гласачките места беа отворени во 7:00, а ќе бидат затворени во 19:00 часот.

За парламентарните избори, кои се трети по ред предвремени, се поднесени 14 листи со кандидати за 123 места во Парламентот. Поопширно, - тука
09:46 27.4.2014
Набљудувачи

За следење на вториот круг од претседателските избори и предвремените парламентарни избори што се одржуваат денеска се акредитирани 10.013 домашни и 610 странски набљудувачи, како и 294 преведувачи. Повеќе тука
09:50 27.4.2014
Без проблеми се одвиваат првите два часа од гласањето во Тетовско и Гостиварско

До 9 часот според податоците од избирачките места, излезноста е до најмногу 2,5 проценти, јавува дописнкот на Радио Слободна Европа од Тетово..
Претходно во саботата, се спроведе гласањето на болни граѓани, изјави Звонко Ристовски, заменик претседател на општинската изборна комисија во Тетово.
Во општина Тетово правото на глас можат да го остварат 79.426 граѓани, додека во Гостивар 74.906 гласачи се евидентирани во избирачкиот список.
10:06 27.4.2014

Прв рапорт на МОСТ

Според информациите од набљудувачите и регионалните координатори отворени се сите гласачки места на кои МОСТ има распоредено свои набљудувачи. ГМ 2845 во Центар и 2446 во Сарај биле отворени со задоцнување поради технички причини, а ГМ 1147 и 1135 во Куманово биле отворени со задоцнување поради недостапност на теренот. Досега, забележано е:

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG