Достапни линкови

НАТО за кризата во Украина и проширувањето


Главна тема на дводневниот министерски состанок на НАТО во Брисел е кризата во Украина по руската анексија на Крим. На собирот, покрај подготовките на следниот самит во Велс, министрите и со посебен осврт врз трите последни проширувања на Алијансата со нови членки.

Состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО е прв по руската воена окупација и анексија на украинскиот регион Крим. Алијансата исклучи секаква интервенција во Украина, но ги повтори гаранциите до нејзините членки во Источна Европа, посебно Балтичките држави каде што Соединетите држави испратија дополнителни борбени авиони за контрола на ситуацијата.

Состанокот, како што е нагласено, претставува можност за прецизирање на начините како Алијансата би можело да ја поддржи Украина во реформирањето на нејзината одбрана.
Руското однесување нема да има никакво влијание врз нашата политика на отворена врата. НАТО вратата останува отворена. Алијансата може да покани секоја европска демократија која ги исполнува потребните критериуми.
Андрес фог Расмусен, Генераелн секретар на НАТО.

„Се согласивме со Украина да ја зацврстиме нашата соработка во рамките на партнерството меѓу двете страни и очекувам натамошен развој на тоа партнерство“, Изјави генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен.

Расмусен најави и преразгледување на соработката на Алијансата со Русија. До состанокот доаѓа откако Москва вчера објави дека повлекува дел од руските трупи распоредени по должината на границата со Украина.

Министрите за надворешни работи на собирот и со посбен осврт врз проширувањата на НАТО. Станува збор за годишнини кога Алијансата во своите редови прими нови земји членки од Централна и Источна Европа.

Првото големо проширување се случи на 12 март 1999 година со Унгарија, Полска и Чешка. Пет години потоа членки на НАТО станаа Бугарија, Естонија, Летонија, Литванија, Романија, Словачка и Словенија. Последното проширување беше на 1 април 2009 година кога во НАТО влегоа Албанија и Хрватска.

Според оценките на Алијансата, станува збор за историски успех во зачувувањето на безбедноста и стабилноста на Европа.

„Руското однесување нема да има никакво влијание врз нашата политика на отворена врата. НАТО вратата останува отворена. Алијансата може да покани секоја европска демократија која ги исполнува потребните критериуми. Одлуката за проширување ја носиме во рамките на НАТО без мешање од трета страна“, оценува Расмусен.


Иста оценка за годишнините на трите рунди на проширувањето на НАТО даде и американскиот државен секретар Џон Кери кој смета дека се работи за важни темели на зацврстувањето на Алијансата.

„Политиката на отворена врата не само што дозволи НАТО да има повеќе членки. Таа ги прошири демократијата, просперитетот и стабилноста во Европа и отвори нови можности за развој на светот“, наведува Кери, потенцирајќи дека со години најновите членки на НАТО ја докажуваат својата храброст, например во Авганистан.

„Соединетите држави им се приклучуваат на сојузниците во реафирмирањето дека вратата на НАТО останува отворена за секоја европска земја која е во позиција да ги преземе обврските на членството и да придонесува во евроатлантската безбедност“, заклучува американскиот државен секретар Џон Кери.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG