Достапни линкови

Охрид чека полски туристи


Се подготвува отворањето на почесниот конзулат на Полска во Охрид, кој, според упатените, ќе биде пред сè од корист за гостите од оваа држава кои се очекуваат во зголемен број.

Полските туристи оваа туристичка сезона ќе бидат меѓу најбројните гости во Охрид, уверуваат туристичките работници од градот. Се подготвува и отворањето на почесниот конзулат на Полска во Охрид, кој според инволвираните во туризмот, ќе биде пред сè од корист за гостите од оваа држава.
Ние минатата година имавме поголем број на Полјаци отколку на Холанѓани. 2014 година, според закажаните букинзи во хотелите, се надевам дека овој број ќе се удвои.
Љупчо Јузмески, туристички водич од Охрид.

Љупчо Јузмески, туристички водич од Охрид, вели дека, според неофицијални податоци, само минатата година повеќе од 8.000 полски гости дошле во Охрид и оствариле околу 25.000 ноќевања.

„Минатата година, 2013, беше откриена Македонија како премногу привлечна дестинација од полските туристи без многу ингеренции и помош од нашата Агенција за поддршка и промоција на туризмот. Ние минатата година имавме поголем број на Полјаци отколку на Холанѓани. 2014 година, според закажаните букинзи во хотелите, се надевам дека овој број ќе се удвои. Повеќе од 14.000 гости од Полска со најмалку три ноќевања ќе стигнат во Македонија оваа година“, вели Јузмески.
Полскиот конзулат мора да има конекција со институциите, работници и бизнис секторот и туристичките работници со цел што подобро ние да стапиме во контакт со бизнис секторот во Полска за да може да се донесат повеќе гости од таму.
Филип Стефановски, менаџер во туристичка агенција.

Јузмески вели дека Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот треба да прерасне во Министерство за туризам и дека промоцијата на македонскиот туризам од страна на државата и Општина Охрид во Полска е недоволна. Според него, Охрид ова лето ќе биде посетен и од гости од соседните држави со акцент на гостите од Црна Гора.

Филип Стефановски, менаџер во туристичка агенција, вели дека треба да се направи нешто повеќе Македонија да ги задржи овде полските гости повеќе од три дена колку што сега остануваат.

„Полскиот конзулат мора да има конекција со институциите, работници и бизнис секторот и туристичките работници со цел што подобро ние да стапиме во контакт со бизнис секторот во Полска за да може да се донесат повеќе гости од таму. 2014 година очекувам да се зголеми бројот на странски турист за 10-15 отсто, најмногу од Турција, бидејќи и минатата година околу 30.000 Турци дојдоа во Македонија. Оваа година од Турција се очекува бројка од 45.000 гости. Гостите од Бугарија исто така се враќаат во Охрид“, вели Стефановски.

Тој вели дека е неопходно да се зголемат субвенциите за гостите од соседните држави, бидејќи конекцијата со тие држави е многу блиска и располагаат со околу 60 милиони жители.

„Доколку ние би ги стимулирале странските гости, тоа би било дополнителен мотив тие да ги носат во Охрид и Македонија“, вели Стефановски.

Охридскиот градоначалник Никола Бакрачески најави дека во интерес на развој на туризмот за најмногу еден месец ќе започне да се гради елитен хотелски капацитет со 5 ѕвезди во Охрид.
XS
SM
MD
LG