Достапни линкови

Најмногу коментари за текстовите поврзани со Украина


Текстовите во врска со состојбите околу Украина по анектирањето на Крим од страна на Русија се најкоментираните на нашата веб-страница.

Веќе подолго време текстовите во врска со состојбите околу Украина по анектирањето на Крим од страна на Русија се најкоментираните на нашата веб-страница. И, ретко кога може да се забележи толкаво единство во ставовите искажани во вашите коментари, почитувани, како оние по тие неколку текстови. Исто така, може да се забележи едно големо антиамериканско расположение, и воопшто антизападно размислување.
Џабе ви е, македонскиот народ е за Русија.
Коментар од читател.


Мислејќи дека автор на текстот за „Шесте лекции од кримската криза“ е новинар од македонската редакција, Златко од Охрид, на пример, порачува дека нашите новинари „не пишуваат статии, туку прават копи пејст од СиЕнЕн, БиБиСи и други, а за Американец, исто така од Охрид, статијата е препишана од „американски весничиња“ - како што вели во пораката.
Колку и да се дебатира на оваа тема, крајниот резултат ќе биде, кучињата си лаат, карванот си врви.
Коментар на читател.

На Зоран од Македонија му се гадело од „вакви пропагандни памфлети“. За Милош сме переле мозок: „Џабе ви е, македонскиот народ е за Русија“ - напишал во коментарот на нашата веб-страница.

Во врска со текстот за кризата во Украина и проширувањето на НАТО, за што консултираните Ружин и Демири сметаат дека Македонија треба да ја искористи во своја корист, МКД и наоѓа мана на колешката Митевска, обвинувајќи ја дека повторно напишала „статија - поттикнувач на сепаратизам во Македонија“, а на Демири му препорачува дека не е здраво да се размислува за „единки и мнозинки“, мислејќи на Албанците во Македонија; МК Обсервер препорачува да се заборави на ЕУ и НАТО зашто по оваа криза, според него, немале да имаат голема политичка тежина. Мики, пак,од Куманово, вели: „Каков НАТО, одиме со Русија“.

И третиот најкоментиран прилог е во врска со Украина: „На потег е издржливоста на Западот спрема Русија“. Некој потпишан со Блабла смета дека ЕУ и САД претрпеле пораз на теренот на демократијата токму од Путин, кого го зафркавале дека не бил демократ, дека бил хомофоб, анахрон... Алексас има забелешки на американската правда-неправда зашто сè што не им одговара, пишува, е недемократско, а сè што им одговара е демократија. Јосиф Давидов, ја кажува суштината на високата геостратегиска политика којашто деновиве е на дело во Украина: „Колку и да се дебатира на оваа тема, крајниот резултат ќе биде, кучињата си лаат, карванот си врви“ - напишал Давидов.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG